7 мали промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение

Како што станувате посвесни наутро, почнуваат да се појавуваат проблемите. Всушност, тие не се толку итни или големи, туку вие едноставно сте се навикнале да се грижите за нив. Сигурно сте пробале многу работи за да го подобрите вашето расположение, но веројатно повторно се враќате на истото. Сепак, доволни се неколку навистина мали промени што со текот на времето ќе го подобрат вашето расположение и вашиот живот во целост.

7 мали промени што ќе направат голема разлика во вашето расположение

1. Насмевка

Секое утро широко насмевнете се, дури и ако не ви се смее. На почетокот можеби ова ќе ве прави гневни. Можеби дури и ќе заплачете. Но за кратко време ќе почнете навистина да се смеете бидејќи е „глупаво“.

2. Промена во исхраната

Направете барем една мала здрава промена во вашиот начин на исхрана. Можеби ќе додадете само една овошка или зеленчук. Доволно е само ова за да ја почувствувате промената.

3. Правете нешто забавно

Секој ден правете нешто што ви е забавно, без разлика колку е мало. Не е важно што е и никој не мора ни да знае за него. Можеби сакате да ги набљудувате инсектите во градината како кога сте биле мали или пак, ќе се опуштите и ќе танцувате во вашата соба дур ве држат нозете. Не се воздржувајте.

4. Работете на љубопитноста

Дури и во најмрачните моменти постои нешто што може да ви ја разгори љубопитноста. Можеби одеднаш сакате да дознаете кој победил на Светското првенство. Или пак, сакате да прочитате некоја лоша книга. Немојте да си судите и се разбира, нема потреба никој да знае.

5. Направете ги ноќите што е можно поудобни

Ова не значи добро да се наспиете. Ако имате проблеми со расположението голема е веројатноста да имате проблеми и со спиењето. Но можете да се обидете да го извлечете најдоброто од сегашната ситуација додека да дојде решението. Најдете поудобна перница, или едноставно станете од креветот и правете нешто друго. Ноќите без сон не мора да бидат лоши.

6. Поврзете се со другите

Сигурно сте свесни дека многу луѓе се осамени. Дури и оние кои се во врска можат да се чувствуваат осамено. Но добрите врски можат навистина да го подобрат вашиот живот. Едноставно обидете се да се поврзете со позитивни луѓе и искажете ја вашата енергија со нив. Разговарајте со келнерот или со кој било друг. Нема потреба да го познавате.

7. Развијте добрина кон себе

Речиси секогаш знаете што треба да направите, но омразата што ја чувствувате кон себе навистина го влошува вашето расположение. Покажете си малку добрина за да го промените тоа. Направете си шолја чај. Одете на прошетка. Почестете се со филм и бидете потрпеливи со вас.

Дознајте и кои се навиките на луѓето кои сами ја создаваат својата среќа.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар