10 неверојатни факти за Ромите

10 неверојатни факти за Ромите

Низ целиот свет Ромите сè уште се соочуваат со расизмот што многу раси го надминале одамна. Очигледно големо влијание на ова има нивната невидливост. Не само што нивната популација е мистерија (се проценува дека се помеѓу 2 и 20 милиони) туку нивниот традиционален начин на живот е различен од „нормалното“. Па, за да дознаете нешто повеќе за овие мистериозни луѓе, прочитајте ги овие неверојатни факти.

1. Тие се „децата од Индија“

10 неверојатни факти за Ромите

Додека зборувала на Интернационалната конференција за Ромите во 2016-та година, индиската министерка за надворешни работи ги опишала Ромите како „деца на Индија“. Таа дури го замолила премиерот официјално да ги признае како дел од индиската дијаспора, што во територија би водело до државјанство во иднина. Оваа изјава била контроверзна. За разлика од другите членови на индиската дијаспора, Ромите не си заминале пред само 2 или 3 генерации. Според генетските и историските докази, тие ја напуштиле Индија пред околу 1.500 години.

Најверојатно бегајќи од глад или воени конфликти, древните Роми се движеле од Средниот Исток и Северна Африка, кон Европа низ Византиската империја. Некои се одвоиле и направиле заедници по патот како во Иран, Египет и Турција. До 1322-ра стигнале во Крит, во 1385-та во Романија, а до 1345-та година ги имало во речиси сите европски градови.

2. Зборуваат „таен јазик“

10 неверојатни факти за Ромите

Ромскиот јазик има сличности со пунџаби и некои други санскритски јазици. Спротивно на популарното верување, името не доаѓа од модерната група што живее во Романија, туку од древниот ромски збор „ром“ што значи „маж“ или „луѓе“. Дијалектите се различни на сите места и се под влијание од локалните јазици. Како орален, непишан јазик, нема стандардизирана верзија на Ромскиот јазик. Ова значи дека еден збор може да биде спелуван на многу начини.

3. Прогонувани се стотици години

10 неверојатни факти за Ромите

Кога стигнале во Романија во 14-тиот век, Ромите биле присилени на ропство. Дури во 19-тиот век ја добиле својата слобода. Сепак, опресијата продолжила. Во Австрија и Унгарија имале забрана за патување, ги депортирале и им било забрането да тргуваат. Во други европски држави им бил забранет јазикот. Во Шпанија биле собирани во кампови и биле присилувани на работа. Најголем дел од дискриминацијата бил поради страв и изјавата на црквата дека се еретици. Единствено во Русија Ромите имале некои права и привилегии.

4. Биле речиси истребени од нацистите

10 неверојатни факти за Ромите

Ромите биле првите луѓе прогонети од Берлин, наводно за да се направи место за Олимписките игри во 1936-та година. Оттогаш нештата само се влошувале откако нацистите „збришале“ илјадници маала и кампови. Во еден нацистички весник од 1939-та година, Ромите биле споредувани со стаорци и болви и се повикувало на нивна елиминација. Истата година биле убиени 250 ромски деца. Други биле подложени на ужасно мачење и тестирање.

Често не се спомнува маката на Ромите за време на холокаустот. Но нацистите убиле околу 1,5 милиони Роми, односно 80% од нивното население. Точната бројка не е позната најмногу бидејќи не се знае точниот број на Роми што постојат, а многумина биле убивани без да се направи извештај за тоа. Како резултат, малкумина се свесни за геноцидот на Ромите. Дури во 1981-ва година се признале злоделата против нив.

5. Наводно, сè уште е во ред да ги мразите

10 неверојатни факти за Ромите

Ромите сè уште се една од најпрогонуваните етнички групи во светот. До 1975-та година Ромките биле присилувани на стерилизација. Во некои држави од источна Европа ова се случувало и до 2000-та година. Овие „правила“ не доаѓаат од никаде. Причината што политичарите ги мразат Ромите е тоа што и населението ги мрази. Дискриминацијата против Ромите е наречена „последниот прифатлив расизам во Европа“.

Многумина ги гледаат Ромите како необразовани, валкани натрапници, а истовремено не им овозможуваат основна хигиена, едукација, здравство и право да купуваат земја. Кога ова ќе се земе предвид, 90% од Ромите во Европа живеат во сиромаштија.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. бени Reply

    за оваа причина на циганите си се самите како популација виновни,затоа и проблемот е во нивните гени,да крадат ,лажат и тие особини ги извежбале до совршенство на манипуланти со секој кој ке му застане на патот до она кое решиле да го направат,а тоа е да додјат до она туѓо нешто со најмал потрошен труд и работа како шо тоа го прави целиот остаток на светот,но со таа разлика шо циганите,ромите или популарно како ние ги нарекуваме -ЏУПЦИ сакаат да дојдат до нешто шо нив не им припаѓа т.е.присвојување на туѓа сопственост кој некој друг го стекнал со чесно работење или трпелива работа.Не им е својствено да се адаптираат во било кое општество со моќта на знаењето т.е. да се борат со учење и знаење туку тоа го прават како им наредуваат гените на предците а тоа е крадење лажење манипулирање,шалабазертво,коштаплерство итн…тука е нивниот проблем за кои сами си се виновни оти така сите ги гледаат.Секој запрашан било каде во светот е дека џупците се уличари,лажат,крадат,манипуилираат,и не сакаат да работат како и сите останати кои тоа го прават.Немаат капацитет ни за да влезат во светот на големите криминални сфери ЗОШТО???… затоа шо толкав е коефициентот на интелегенција,тоа е за нив висока лига…

Остави коментар