Што е убаво во животот?

Што е убаво во животот?

Убавината понекогаш има многу некоректна и ограничена дефиниција. Убави се манекенките на модните писти и згодните глумци од филмовите. Но, не е сè во подигнатите обравчиња, малите носиња, долгите нозе, тенките половини, блескавите насмевки… Еве 50 поинакви дефиниции за убавината кои со сигурност се вистинити.

Што е убаво во животот?

1. Убаво е да се зборува друг јазик. Убаво е и само да се проба.

2. Убаво е да имаш долга или кратка коса, да е црна, кафена, смеѓа или бела. Убаво е и да имаш ќелава глава.

3. Ако сте поминале низ пекол во животот, убава е вашата издржливост на патот назад.

4. Убаво е да се поставуваат прашања, особено „зошто?“ бидејќи љубопитноста е убава.

5. Убаво е кога се плашите да направите нешто, а сепак го правите тоа.

6. Убави се рамните стомаци, но убави се и големите меки мешиња.

7. Убаво е да сликате на платно, да „ѕ’мкате“ на гитара, да печете леб и да играте со затворени очи.

8. Убаво е сè што значи создавање на нешто.

9. Убаво е вашето лице кога ќе станете од спиење. Навистина! Прашајте ја личноста што ве сака.

10. Убаво е чувството кога ќе се сетите на текстот на некоја песна која сте ја слушале во 6-то одделение.

11. Убаво е кога вашиот пријател е тажен и вознемирен, но вашиот глас може да го расположи.

12. Убаво е кога ќе станете утрото после концерт, целите отечени и сè ве боли од играње.

13. Убаво е да се смеете толку многу што ќе ви потечат солзи од очите, ќе ве заболат стомачните мускули и ќе молите да престанат да ве смеат зашто ќе се подмочате во гаќи. Да, подмочувањето во гаќи може да биде убаво.

14. Убаво е да се ослободите од „отровна“ врска. Тоа е вистинско олеснување.

15. Убава е интелигенцијата, сочувствувањето со другите и личните цврсти ставови. Убаво е и кога ги почитувате туѓите цврсти ставови.

16. Убаво е кога носите толку добра облека, што кога некој ќе ви даде комплимент дека добро изгледате, веднаш извикувате „Знам, нели!?“, а дури потоа велите „Ммм да, фала“.

17. Убаво е кога раскажувате некоја смешна ситуација или виц и толку многу се смеете, што никој не може ни да ја разбере смешката.

18. Убави се вашите очи бидејќи се единствени, длабоки, љубопитни и препознатливи. Никој нема исти очи како вашите.

19. Убаво е како природно нè издава нашето тело во одредени ситуации, на пример поцрвенуваме пред некој кој ни се допаѓа или два пати трепнуваме кога кажуваме лага.

20. Оргазмите се убави.

21. Убаво е да се чувствувате комотно со некој да седите во тишина. Како што вели една филмска изрека „Би можеле вечно да зборуваме или да молчиме и понатаму да наоѓаме теми за кои нема да зборуваме“.

22. Убаво е да си ги брцнете голите стапала во песокот.

23. Убаво е да побарате помош кога ви е потребна. Сите понекогаш се чувствуваме како да тонеме, но и сите сакаме да извадиме некого од  неповолна ситуација.

24. Убаво е да го сакате своето домашно милениче и тоа да ве сака исто толку вам.

25. Убав е свежиот цвет во вашата коса.

26. Убави се белезите кои сведочат за вашите животни искуства: брчките, стриите, лузните и дамките од сонцето.

27. Убава е разумноста, скромноста, среќата.

28. Убаво е кога ќе се испотите од напорното вежбање.

29. Убаво е некому да му кажете тајна.

30. Убаво е кога вашето најлошо искуство можете да го претворите во интересна и смешна приказна за раскажување.

31. Убаво е да уживате во храната што ја јадете.

32. Убаво е да им бидете благодарни на сите оние кои живееле пред вас и направиле нешто за да бидете таму каде што сте, такви какви што сте, на вашите родители, предци, борци за слободата на нашата земја.

33. Убаво е породувањето, малку неуредно, но сепак убаво.

34. Слободата е убава. Слободни сте да ги правите оние работи во животот кој ве прават вистински среќни.

35. Среќата е убава.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. S Reply

    Ostanav bez zborovi……. PREKRASNO….

  2. Тања Reply

    Убава е зората, зајдисонцето особено кога се дочекуваат со саканиот/та… Убав е мирисот на море/езеро… Убава е детската насмевка… Убав е секој момент поминат со пријателите… Убава е љубовта… Убав е мирисот на липа кога се шеташ по улица… Убаво е шумолењето на лисјата под нашите нозе во есен…

  3. rane Reply

    ove go imat pisano gerd cvek…

  4. Име Reply

    Ubavo e Pivoto.Posebno Skopskoto 😛

    • KATE Reply

      haha 😀

Напиши одговор на KATE Откажи одговор