Сексуалните терапевти откриваат кои се 5-те најчести стравови во сексот

Сексот во голема мера сè уште се третира како табу-тема. Сакаме да разговараме за забавните додатоци на сексот како што се прифаќањето, задоволството, сексуалните играчки, секс позите и интимноста. Но, постојат и помалку забавни нешта за кои треба да се разговара, како на пример, несигурноста, непосакуваната болка, срамот…

Сексуалните терапевти откриваат кои се 5-те најчести сексуални стравови

Поголемиот број луѓе не сакаат да разговараат за нивните сексуални проблеми, но тие разговори не смеат да се избегнуваат.

„Сексуалното воспитување е образование што се темели на страв и срам што ги брише задоволството и согласноста“, вели Шадин Френсис, сексуален терапевт. „Поради тоа постои многу голем простор за грижа. Повеќето несигурности со кои се соочувам како сексуален терапевт се сведуваат на едно прашање: ‘Дали сум нормален/нормална?’“

Прочитајте кои се најчестите стравови поврзани со сексот и како да се справите со нив со помош на советите на сексуалните терапевти.

1. Чувствувате дека не знаете што правите

За добар секс е потребна пракса. Луѓето главно се препуштени сами на себе за да го проучуваат сексот и каков тој треба да биде. Поголемиот дел од времето тие информации доаѓаат од погрешни места, како на пример нереалната порнографија. Ако не сте самоуверени и понекогаш се чувствувате дека не знаете што правите, не сте единствени. Ова особено важи за луѓето чијшто род и сексуална ориентација се во малцинство.

„Луѓето исто така се грижат дали се лоши во креветот“, објаснува Лекс Браун Џејмс, сертифициран педагог и основач на институтот за сексуалност и интимност во Сент Луис. „Најчестото прашање што го добивам е ‘Како да знам дали сум добар/добра во сексот?’“, вели тој, додавајќи дека тоа не е правилно прашање кое треба да се постави.

Не само што сечија дефиниција за „добар секс“ е различна туку сè се сведува на нешто едноставно како што е личниот сет на способности. Се работи за консензуално истражување и комуникација за тоа што ви се допаѓа вас и на вашиот партнер.

2. Се срамите од мастурбација

Ставот и срамот за мастурбацијата зависи од многу фактори. Можеби сте израснале во опкружување во кое се зборувало дека тоа е валкано или погрешно, можеби никој ништо не ви кажувал за тоа или можеби сте се чувствувале нервозни од самата идеја да се задоволите. Според Френсис, многу луѓе имаат „кочници“ во текот на мастурбирањето. Ако ви звучи познато, важно е да се знае дека не постои „нормална“ количина и начин како тоа да се направи. Мастурбацијата зависи од возраста, способноста, полот, религијата, големината и односот кон неа, но постојат и различни начини за неа.

„Луѓето мастурбираат користејќи раце, сопствената телесната тежина, играчки и различни домашни предмети“, вели Френсис.

Иако ова зависи од тоа како се возбудувате – некој сака фантазија, некој сеќавање, некој порнографија, друг книжевност… Некои се самозадоволуваат сами, додека други го прават тоа пред партнерот. Сексуалните терапевти слушнале сè. Во суштина, ако се чувствувате добро поради својот начин на мастурбирање и не правите никаква штета на себе или на другите, тогаш прифатете ја својата сексуалност.

3. Се грижите дека не сте доволно „напредни“

Веројатно сте забележале дека постојано се појавуваат нови типови сексуална ориентација и односи во медиумите. Можете да се почувствувате старомодно и необично. Според сексуалниот терапевт, д-р Ави Померенк, луѓето кои се во хетероген однос со еден партнер или не се љубители на новите сексуални трендови можат да се почувствуваат досадни. Што никако не е вистина! Но, многу луѓе ја изедначуваат алтернативната сексуална практика со прогресивност кога станува збор за лични преферирања. Но, сите видови сексуална преференција се во ред.

„На многу луѓе, особено на жените во односите со мажите, партнерите им создаваат чувство на вина дека не ја отвориле нивната врска“, вели Померенк. „Во најдобар случај, таквото однесување значи дека дошло до сериозни недоразбирања и погрешна комуникација, а во најлош случај тоа може да сугерира нездрава, па дури и емоционално насилна динамика.“

Ако ова ви звучи познато можеби е време да поразговарате со вашиот сексуален терапевт.

4. Чувствувате притисок поврзан со сексот на одреден начин

„Еден аспект со кој често се среќавам е притисокот за секс“, изјавила Џилиен Кан, сексуален терапевт, додавајќи: „Тоа може да вклучува работи како притисок за секс во одреден момент од врската, чувство дека требало магично да се знае како да се задоволи партнерот без комуникација и/или страв од сексуални предизвици и нарушувања“.

Кан сака да потсети дека сексот не е изведба.

„Најдобриот секс се случува кога ќе заборавиме на притисокот и можеме да се поврземе со телото и партнерот. Ако пред сè се занимавате со сопствената изведба или со тоа дали партнерот доживеал оргазам, ќе пропуштите многу убави работи.“

Померенк исто така истакнува дека не е невообичаено за нејзините клиенти да се грижат за последиците кога не им се сексуално достапни на нивните партнери. На пример, се чувствуваат како лоши партнери ако понекогаш не се расположени за секс или се плашат дека нивниот партнер ќе ги напушти ако немаат редовен секс. Не е тешко да се создаде внатрешен притисок за да се биде „совршен“ сексуален партнер. Впрочем, луѓето во филмовите и порнографијата често се подготвени и достапни за секс во секој момент.
Токму затоа и никогаш не заборавајте дека ако партнерот ви прави да чувствувате грижа на совеста поради тоа, време е за сериозен разговор помеѓу вас двајца.

5. Мислите дека сте луди поради „чудниот“ фетиш или фантазија

„Ми се чини дека многу мои клиенти имаат фантазија и уживаат во некој вид порнографија од која им е срам“, изјавила Кан. „Некои од тие клиенти дури и се срамат кога ќе ја спомнат нивната фантазија или порнографијата за време на терапијата“, додава таа. „Работата е во тоа што поголемиот број фантазии постојат веќе долго. Порнографијата која ја гледате е направена таква затоа што многу луѓе сакаат да ја гледаат. Дури и ако вашиот фетиш и фантазија се единствени, нема потреба да се срамите.“

Важно е да запомните дека одредена фантазија или одреден вид порнографија не значи нужно дека сакате да направите нешто од тоа. Според Кан, тоа е важна разлика, затоа што луѓето се чувствуваат виновни или испаничени поради некои мисли кои ги придвижуваат.

„На пример, фантазиите за силување не се нечуени – како и многу други фантазии веројатно се почести отколку што би се очекувало и не значи дека личноста има вистинска желба да биде силувана“, вели Кан. „Се обидувам да ги уверам своите клиенти да знаат дека фантазијата не значи ништо за нив, така што не е потребно да се обидуваат да анализираат. За што и да мечтаете, гордо можам да ви кажам дека не сте единствени кои се возбудуваат на таа идеја.“

Дознајте и кои комплименти веднаш го подобруваат сексуалниот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Психолог кој најдобро се изразува преку пишаниот збор. Нејзиниот личен лајтмотив гласи: „Остани своја и поинаква бидејќи само така ќе блеснеш во полн сјај!“

Поврзани содржини

Остави коментар