Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

Модата значително се промени кога станува збор за модните трендови: некогаш носевме плитки фармерки коишто откриваа голем дел од торзото, а денес го сменивме мотото: што подлабоко – толку подобро. Знаеме дека длабоките панталони се одлични и ја нагласуваат женската фигура, особено поради ефектот на визуелно стеснување на половината.

Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

Сепак, дамите со пократко торзо знаат дека треба да ги избегнуваат овие модели, бидејќи тие им го прават торзото уште пократко. Но, ние имаме решение. Постојат начини на кои можете да носите фармерки со висок струк без разлика дали вашето торзо е пропорционално со остатокот од телото или не. Погледнете ги ефективните модни совети подолу коишто ќе ви помогнат да се справите со ова модно парче на шик начин…

Ставете ја блузата во панталоните

Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

Кога ќе ја ставите блузата во пантолоните, тогаш ја нагласувате нивната цел, а целта е да го истакнете вашиот струк и да создадете фигура на песочен часовник каква што сите посакуваме. Дамите со пократко торзо треба да изберат широки топови, наместо класични и едноставни. Пуфкастите ракави ќе помогнат во изедначувањето на пропорциите помеѓу долгите нозе и малото торзо.

Избегнувајте многу кратки модели

Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

„Кроп“ панталоните кои суптилно ги откриваат зглобовите се одличен избор, но кога станува збор за моделите чија должина е до половина лист, знајте дека треба да ги избегнувате, бидејќи ќе изгледате како да сте ги повлекле многу високо од горе.

Монохроматски пристап

Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

Држете се до една нијанса (во буквална смисла) и на тој начин ќе креирате елегантна линија, додека длабоките панталони ќе направат магија во централниот дел од вашето тело. Резултатот? Илузија на шик костум и добро дефинирана половина, без чудни пропорции.

Висока јака

Како да носите панталони со висок струк ако имате кратко торзо?

Додека V-изразот е одличен за сите видови гради, ова правило не важи за дамите со пократко торзо, кога се комбинира со длабоки панталони или здолниште. V-изразот ја издолжува средината на телото и го става фокусот на долниот дел од телото. Од друга страна, високите јаки, вклучително и ролките, го подигнуваат погледот кон горниот дел од телото. На тој начин се постигнува пропорционалност помеѓу горниот, пократок, и долниот дел од телото.

Автор: Антонина Велјановска


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар