Рецепт за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер

Рецепт за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер

За овој вкусен оброк ви се потребни неколку состојки и помалку од половина час.

Рецепт за тестенини со вкусен сос од тиквички и путер

Потребни состојки:

  • 450 гр тестенини
  • 2 лажици маслиново масло
  • 4 средни тиквички
  • 150 гр чери-домати
  • 4 чешниња лук
  • 1/2 лажичка чили
  • 2-3 гранчиња свежа мајчина душица
  • 2 лажици путер
  • 120 гр рендан пармезан
  • 20 гр свеж босилек, грубо исечкан
  • сол, пипер

Начин на подготовка:

1. Загрејте солена вода во големо тенџере и варете ги тестенините според упатството на пакувањето. Пред да го исцедите, зачувајте околу една чаша од вода во која се вареа.

2. Во голема тава, загрејте го маслиновото масло, а потоа додајте ги сечкани тиквички, домати, лукот, чили, мајчина душица, сол и бибер. Повремено мешајте, околу 5 минути.

3. Полека изгмечете дел од зеленчукот за да добиете груб сос. Додајте половина чаша од водата од тестенините. Кога сосот ќе зоврие, промешајте ги варените тестенини, путерот и пармезанот. По потреба, додајте повеќе вода од тестенините. Тргнете ја тавата од огнот, додајте свеж босилек и послужете!

Погледнете како да ги подготвите овие 5 брзи и едноставни сосови за тестенини.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар