Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

Сте рекле „благодарам“ за овие прекрасни работи во кои секојдневно уживате? Благодарам за сонцето, ветрот, виножитото и насмевките. За сетилата, љубовта, падовите и искачувањата…

Работи за кои забораваме да бидеме благодарни

Биди благодарен/на:

1. Затоа што се будиш наутро, дишејќи. Што и да ти тргне лошо во текот на денот, можеш да се вратиш чекор назад, да земеш здив и да почнеш од почеток.

2. За твоите сетила, со кои можеш да ги гледаш убавините на светот, да ги чуеш капките на дождот по олуците, да го почувствуваш допирот на саканите, да го вкусиш омиленото овошје, да ги мириснеш цветовите…

3. За способноста да зборуваш и да ги искажеш своите мисли.

4. За твоето срце, кое уште од самиот момент кога си се родил/а те одржува во живот.

5. Затоа што имаш чувства, болка која те прави посилен/на, тага за да ја цениш среќата, страв за да ги знаеш твоите можности за успех.

6. За виножитото, кое е најава за сонцето после дождот.

7. За планините, ливадите, нивите и ридовите.

8. Затоа што сонцето, ѕвездите и месечината го осветлуваат твоето небо.

9. За ветрот и воздухот кој го дишеш.

10. Затоа што имаш избор да правиш што сакаш во животот. Да, постојат одредени ограничувања, но тие се пречка само за оние кои не се упорни.

11. За твоите родители, кои ти дале живот.

12. За твоите раце со кои ги допираш луѓето кои ти значат.

13. За твоите нозе со кои се искачуваш до врвот.

14. За падовите и неуспесите кои те направиле упорна личност.

15. Затоа што постојат луѓе кои искрено те сакаат.

16. Затоа што постои некој кој сè би дал за тебе.

17. Имаш дом кој е твое засолниште.

18. Затоа што имаш кревет каде можеш да спиеш.

19. За твоето семејство и пријателите.

20. Заблагодари се и за твоите непријатели.

21. Затоа што можеш да плачеш дур да мине лошото.

22. Можеш да јадеш и да пиеш.

23. Имаш струја, топла вода, храна и облека.

24. Можеш да сонуваш и да ги оствариш своите соништа.

25. За насмевката, која е мелодија на животот.

26. За книгите кои ти даваат мудрост.

27. За обувките кои ги штитат твоите стапала.

28. За музиката која го подигнува твојот дух.

29. За верата која ти дава сила.

30. За твојата работа, која ти ги овозможува потребните средства за живот.

31. За компјутерот кој ти ја олеснува работата.

32. За интернетот кој те поврзува со најблиските.

33. За способноста да оставиш белег со своето постоење.

34. За животот кој го живееш и сè што можеш да направиш со него.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. ... Reply

    Bravo

  2. Rosan4e Reply

    super 🙂

Напиши одговор на ... Откажи одговор