Природен сок што ги ублажува симптомите на алергија

Симптомите на алергија се многу непријатни, а големиот број достапни лекови создаваат бројни несакани последици. За да се заштитите од нив, пробајте го овој одличен сок чии состојки сигурно веќе ги имате во вашата кујна.

Потребни состојки:
  • 1 поголем морков
  • 1 јаболко
  • 1/4 ананас (свеж или 2 круга од конзерва)
  • 1 парче целер
  • 1/2 помало цвекло
Начин на подготовка:

Темелно измијте ги овошјата и зеленчуците и исечкајте ги на мали парчиња. Ставете ги сите состојки одеднаш во соковник и добро изматете, па сипете го сокот во стаклен сад. Можете да го пиете овој сок во текот на целиот ден, на празен желудник или пак, помеѓу оброци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар