Како конечно да пораснете и да станете независна жена?

Како конечно да пораснете и да станете независна жена?

Нема ништо лошо во тоа да го прифатите вашето внатрешно дете, но секој знае дека штом ќе стигнете до 20-тите, на некој начин веќе сте и возрасни. Понекогаш ова може да биде тешка задача и ќе посакате да се вратите на училиште, да се забавувате и да не се грижите за важните работи. Но важно е да знаете како да пораснете и да станете независни.

Како конечно да пораснете и да станете независна жена?

1. Сфатете ги нештата сериозно

Неодамна се прослави концепт, односно идеја дека толку не сакате да пораснете што не ги сфаќате нештата сериозно. Се шегувате дека повеќе сакате да јадете помфрит наместо да направите хранлив ручек. Исто така се шегувате за состојбата на вашата сметка во банката. Едноставно, посакувате растењето воопшто да не постои. За жал, ако сакате да пораснете шегувањето нема да ви помогне. Можеби ќе направи да се чувствувате подобро, но тоа не е доволно. Почнете посериозно да ги сфаќате нештата и тогаш навистина ќе ви биде подобро. Кога ќе си признаете дека си ја сакате работата и дека сакате да заработувате, ќе се чувствувате навистина гордо.

2. Престанете со озборување

Тешко е да созреете кога единственото нешто што го правите со пријателките е озборување. Озборувањето никогаш не е добра идеја, не прави да се чувствувате добро, па нема причина да го правите. Наместо тоа направете вистински разговор со луѓето во вашиот живот. Ќе почнете да размислувате позрело штом ќе престанете да ги критикувате другите. Сепак, и вие не би сакале да зборуваат лошо за вас.

3. Престанете да се грижите за ситници

Кога сте во средно навистина е лесно да помислите дека секоја одлука е од голема важност. Токму поради ова тинејџерите се навистина драматични. Вистинско искушение е да продолжите со тоа однесување и кога ќе пораснете. Но, време е да престанете да се грижите за ситници. Можете да се тренирате да размислувате дека сè ќе биде во ред. Подобро е да мислите дека нема да се случи ништо лошо ако задоцните.

4. Правете повеќе работи за другите луѓе

Да бидете возрасни значи да мислите за другите повеќе отколку што мислите за себе. Правењето добри нешта за другите е одличен начин да созреете. На овој начин ќе научите да бидете сочувствителни и ќе ги сфатите и нивните проблеми. Ова ќе ви биде потсетник дека секој има проблеми и дека вашите не се толку сериозни колку што ви изгледаат. Нема потреба да купувате скапи подароци за ова. Можете да го проверите пријателот кој не се чувствува добро, или да ѝ понудите помош на вашата мајка.

5. Научете да кажувате НЕ и да се слушате себеси

Не можете да ја прифатите секоја покана за забава. Всушност можете, но тогаш нема да бидете среќни и нема да уживате. Ако сакате да созреете, почнете да кажувате НЕ. И треба да не чувствувате вина кога го правите тоа. Слушајте се себеси и правете го она што вам ви треба. Да пораснете значи да бидете пријатели и со самите себеси.

Дали знаете кои се 10-те фази на созревање во 20-тите?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар