Почитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев удар

Почитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев удар

Професорката Андреа Чомистек од Универзитетот во Индијана спровела истражување чии резултати покажале дека во 75% од ситуациите срцевите удари можеле да се спречат. Токму затоа таа создала 6 правила според кои секој треба да се придржува со цел да го намали ризикот од срцеви болести и срцев удар.

Почитувајте ги следниве неколку правила за да се заштитите од срцев удар

Овие правила се особено од голема помош кај жените во 30-тите и 40-тите години, а се темелат врз набљудувањето на животните навики на околу 70.000 медицински сестри во текот на 20 години од нивниот живот. За време на истражувањето, скоро 500 жени доживеале срцев удар, а повеќе од 30.000 се здобиле со некаков вид срцева болест. Но, жените кои ги имале следниве 6 заеднички навики останале здрави во над 90% од случаите…

  1. Не пушете
  2. Одржувајте здрава телесна тежина
  3. Вежбајте минимум 150 минути неделно
  4. Не гледајте телевизија повеќе од 7 часа неделно
  5. Не пијте повеќе од еден алкохолен пијалак дневно
  6. Хранете се здраво

Овие совети се особено важни за младите кои сакаат да се поштедат од непотребни болести, но важни се и за оние кои веќе имаат некаков вид срцева болест или доживеале срцев удар, со цел да го подобрат нивното општо здравје и да си го продолжат својот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. BlupBlup Reply

    Минимум 150 часа неделно?

Напиши одговор на Кафе пауза Откажи одговор