Уживајте без грижа на совеста: Рецепт за здрави и вкусни пуканки

Сакате да го поминувате слободното време грицкајќи разни грицки пред телевизорот? Ви нудиме рецепт за здрави пуканки кои брзо и лесно се подготвуваат, а нудат неповторливо гастрономско уживање.

uzhivajte-bez-grizha-na-sovesta-recept-za-zdravi-i-vkusni-pukanki-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • 1 пакетче пуканки за микробранова без сол и путер (или обични пуканки во кеса)
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 лажици рендан пармезан
  • Малку власец
  • Малку бибер
Начин на подготовка:

Испукајте ги пуканките во микробранова печка. Прек врелите пуканки прелијте маслиново масло, додајте пармезан, ситно насечкајте власец и забиберете по вкус.

Пармезанот на пуканките ќе им даде пријатен вкус и ќе ја одигра улогата на сол, па така ќе избегнете дополнително зачинување со не многу здравиот зачин кој имаме тенденција прекумерно да го користиме. Власецот пак, ќе ги направи пуканките забавни за грицкање и ќе им даде посебен шмек.

Ако не можете да најдете пуканки без зачини, можете да употребите и класична пченка за пуканки и да ги подготвите на рингла со минимална употреба на масло.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар