По малку луди?! НЕ

По малку луди?! НЕ

Сигурно сте се нашле во ситуација кога некој ви рекол: „Размислувај поопширно, прескокни ги границите“. Понекогаш успева и е потребно, понекогаш не треба да ве лаже. Дури на моменти е и глупаво на соговорникот да му го кажеш ова, зaшто всушност значи: „Не ми се допаѓаат твоите идеи“, „Што е со тебе денеска, вклучи го мозокот?“ и слични под око погледи. Како и да е навистина е помалку lame.По малку луди?! НЕПрочитав едно истражување направено од страна на психолозите од Универзитетот Хардвард во асоцијација со Универзитетот од Торонто, кое што вели дека мозоците на креативните луѓе се покажале како поотворени за стимулации со околината. Ова значи дека креативните индивидуи се во контакт со повеќе информации кои доаѓаат од околината и се во состојба да ги задржат и прошират повеќе од обично. Но, истото тоа истражување вели дека најчесто во фамилиите на таквите креативци има проблеми со психолошкото поле на живеење.

Епа, што да изјавам на ова? Проверете си го фамилијарното дрво на здравје??? Искрено, како креативец и ја поддржувам онаа мисла дека повеќе впиваме, можеби затоа што нашата креативност ја наоѓаме во сè и сешто, ама сериозно? Психолошки проблеми? Не велам дека не постојат такви случаи, ама сериозно? Ова е смешно.

На крајот на краиштата, сите ние сме креативни на сопствен начин. Самиот живот кој го живееме е креација на нашите умови. Резба по чии агли се движиме. Еден ден ќе заврши целата таа приказна, не сме сигурни што следува понатака, но барем додека сме во лулката на воздишките, самите избираме што се случува во наредните пет минути! Па и тоа е креативност, да го живееш својот живот по твоја мерка, без копии, без други да ти сугерираат… Па затоа е тажно кога некој ќе каже дека некои луѓе се креативни, некои не се.

Во друг случај пак, разбирливо е кога некој живее во границите на неколку ѕидови, без никакви експерименти, без никакви лудувања… Она познатото: „Што е сигурно, сигурно е.“ Живееме во време на социјални медиуми и сите ние сме социјални животни кои секојдневно сакаат да се направат себеси допадливи во очите на другите, малку се оние кои не ги интересира ништо… Поголемиот дел од луѓето живеат во онаа таканаречена „сигурна зона“ само за да не бидат оговарани, покажувани со прст, ставени на тапет… Не разбирам зошто, можеби страв? Да бидеме реални, ако некој сака да ве покажува со прст, ќе го направи тоа, без разлика дали вие сте направиле нешто за да го заслужите тоа или не… Затоа chill & relax… Животот е премногу богат за да се ограничуваме.

Не знам дали сте забележале, но, обично во текот на школувањето се величаат оние кои се исти по крој… Познати, со повеќе пари од обично, сите со исти размислувања и слично… Епа, баш истите тие, после завршувањето не се барани за работа исто како и оние „различните“, ја немаат доволната креативност и интелигентност во себе… Smart is the new sexy!!!  So be sexy, right?

Не постојат повеќе табу теми, секојдневно читаме контроверзни теми. Е сега, интересното е тоа што, за жал, голем број од младинава не знае што воопшто значи тоа! Па кога ќе се побара од нив да бидат оригинални и свои, да ја разбудат онаа контроверзност во себе, сите го прават истото. Сите заедно „рипаат од мост“, како што викаат постарите.

Ако вашата цел е да ги презентирате вашите нови идеи пред другите, треба најпрво да создадете свои нови „правила“, да ги разбирате и да се водите по нив, вашата креативност да биде вашиот водач, да бидете експерт за вашата дејност. Доколку се водите по самите себе, тогаш сте успеале да ја стигнете целта, сигурно.

Со љубов насликана од срце,

До следно читање,

Ана


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Ana uzivam koga gi citam tvoite kolumni..
    Sekoja cest! Samo prodolzi taka ! 😀

Напиши одговор на Име Откажи одговор