Се сомневате дека имате биполарно нарушување? Одговорете на овие 8 прашања и дознајте!

Биполарното нарушување е загрижувачко за оние кои боледуваат од него. Болеста нема граници и ги зафаќа сите сфери од животот на пациентот: домот и семејството, работата, социјалниот живот… Екстремните промени на расположението може да предизвикаат ирационално и непредвидливо однесување на пациентот, погрешно расудување или состојба во која личноста едноставно не може да стане од креветот.

1-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_

Околу 1% од популацијата боледува од биполарно нарушување, а бројот на заболени мажи и жени е еднаков. Едно истражување објавување во списанието „Journal of Clinical Psychiatry“ покажува дека до 3 пати повеќе жени отколку мажи искусуваат над 4 епизоди биполарно нарушување во текот на една година.

Според податоците од психијатриската болница Еџмонд дури 69% од пациентите на кои им е дијагностицирано биполарно нарушување всушност е погрешна дијагноза, бидејќи личностите бараат терапија кога боледуваат од депресија. Токму затоа и постојат 8 прашања кои психијатарите им ги поставуваат на личностите со цел поточно да се утврди оваа состојба и да не се измеша со депресијата, па доколку сакате да проверите дали и вие можеби имате знаци на биполарно нарушување, обидете се искрено да ги одговорите… Овие прашања се однесуваат на „енергичните денови“, односно моменти од нарушувањето што го издвојува од класичната депресија.

3-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_

1. Дали некогаш сте се чувствувале „предобро“ неколку дена по ред?

Докторите го проучуваат патолошкиот стадиум на „пораст“ на расположението во кој личноста се чувствува изразено еуфорично, но во брз рок може да се чувствува чувствително и вознемирено.

2. Дали во текот на тоа време сте спиеле помалку од вообичаено и притоа не сте чувствувале замор?

Знак за биполарно нарушување може да биде и недостаток на сон и истовремено чувство на енергичност. Докторите затоа ги проверуваат и промените во навиките за спиење.

3. Во текот на периодот на „предобро расположение“, дали сте имале чувство дека вашиот мозок брзо ги процесира информациите и дека сте полни со идеи?

Терапевтите се обидуваат да утврдат дали пациентот има и други симптоми на биполарно чувство, како на пример, „забрзани мисли“, што исто така може да биде симптом на анксиозност и опсесивно-компулсивно нарушување. Пациентите кои се заболени од биполарно нарушување најчесто имаат чувство дека им е тешко да ги издржат мислите кои ги имаат.

4. Дали тогаш сте имале и потреба повеќе да зборувате?

Во текот на оваа состојба, биполарните пациенти можат и брзо да зборуваат и да ги менуваат идеите. Прашањето кое докторите си го поставуваат самите на себе е дали е тешко да го следат пациентот додека зборува? Еден од клучните знаци е недостатокот на увид од страна на пациентот за неговото однесување, во она што и како зборува или поразличното размислување.

2-odgovorete-ni-na-ovie-8-prashanje-i-vednash-kje-vi-odgovorime-dali-imate-bipolarno-narushuvanje-www.kafepauza.mk_

5. Дали сте извршувале повеќе работи од вообичаено?

Доколку пациентот, на пример, тврди дека има повеќе работа отколку обично потребно е да установите дали е тоа навистина така или личноста поставила поголема скала во остварувањето на различните активности и цели.

6. Дали сте презеле ризици?

Личностите заболени од биполарно нарушување се однесуваат безобѕирно, донесуваат погрешни работни одлуки, па дури и се впуштаат во опасни сексуални односи.

7. Дали сте се чувствувале попаметно, поатрактивно и повешто?

Пациентот, исто така, може да чувствува и поголема самодоверба, самопочит и оптимизам. Ако личноста честопати изјавува дека се чувствува одлично или пак дека дала отказ без конкретен план за во иднина, постои можност дека има биполарно нарушување.

8. Каква е вашата историја на болести?

Доколку не е возможно да направите тест за детерминирање на биполарно нарушување, историјата на болести е исклучително корисна заради тоа што биполарното нарушување може да се наоѓа во семејствата или кај децата кои имаат заболен родител. Ако сметате дека некој од вашите пријатели или член од семејството има биполарно нарушување, првиот чекор е посета на доктор.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар