Што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот?

Што ќе се случи ако целосно се откажете од алкохолот?

Повеќе од 30% од луѓето имаат некаков проблем со алкохолот, па затоа и често се поставува прашањето што ќе се случи кога ќе престанете да пиете. Според изјавите на бивши алкохоличари, животот навистина се променува, и тоа на најчудните можни начини.

22-raboti-koi-kje-se-sluchat-koga-kje-se-otkazhete-od-alkoholot-kafepauza.mk

1. Луѓето ќе ви велат дека сте различна личност

И тоа ќе ви го велат со добра причина, бидејќи навистина ќе се промените. Тоа ќе го сфатите дури после неколку „трезни“ излегувања, и сигурно ќе се чувствувате одлично.

2. Ќе ги изгубите пријателите

На почетокот можеби ќе ви биде криво. Но болната вистина е дека речиси сите тие луѓе баш и не се грижеле за вас. Тие биле во вашиот живот само за забавите и пиењето.

3. Пијачките ќе ве полудуваат

Откако ќе поминете неколку години во забави, откако ќе се откажете од пиењето ќе сфатите дека всушност не сакате да бидете опкружени со алкохол.

4. Ќе ви биде здодевно

На почетокот нема да знаете што да правите со слободното време. Но, со текот на времето ќе наоѓате работи и хобија кои ве интересираат и здодевноста ќе исчезне.

5. Алкохолот е насекаде

Кога пиете, очекувате секаде да има алкохол и неретко не ви стигнувал. Кога ќе престанете да пиете, ќе ви биде чудно тоа што алкохолот е присутен каде и да отидете и најинтересно од сè е што ќе ви делува како да доаѓа од бескраен извор.

6. Ако сте жена, луѓето ќе мислат дека сте бремени

Ако наеднаш престанете со пиење, очекувајте вакви прашања, бидејќи многу луѓе ќе мислат дека сте се откажале од пиењето поради бременоста.

7. Ќе заштедите пари

Сигурно знаете дека секојдневното пиење е скапа забава. Кога ќе престанете ќе заштедите многу пари.

8. Ќе ослабете

Многу брзо ќе симнете неколку килограми.

9. Ќе имате повеќе време

Кога редовно пиете, сигурно речиси и да немате време за да ги завршите обврските. Кога ќе се откажете од алкохолот ќе имате дури и вишок слободно време.

10. Ќе сфатите дека може да се забавувате и без алкохол

Сигурно сте мислеле дека ако не пиете нема да си поминете убаво. Штом ќе го оставите алкохолот, ќе сфатите дека ова не е точно.

11. Нема да ви биде жал

Сигурно ви е познато чувството на вина после ноќта помината во пиење. Ова чувство ќе исчезне од вашиот живот и ќе ја паметите секоја вечер кога сте биле излезени.

12. Некои луѓе нема да ве сфатат

Ќе почнете да ги одбивате собирањата кои вклучуваат алкохол, а многу луѓе нема да можат да ве разберат.

13. Баровите се грозни

Цигари, алкохол, пијани луѓе… веќе не е толку забавно.

14. Ќе сфатите дека сте пиеле од навика и од здодевност

Најчесто причината за пиењето е здодевноста, а потоа и навиката. Сега пиењето можете да го замените со некоја поздрава навика.

15. Повеќе ќе ги цените луѓето што не пијат

Кога сте пиеле, не сте ги разбирале луѓето што не сакаат алкохол. Можеби дури и сте ги презирале. Сега ќе почнете да ги разбирате подобро.

16. Нема да бидете толку храбри

Сите знаеме дека по неколку пијачки стануваме непобедливи. Кога ќе бидете трезни подобро ќе размислувате за ризичните подвизи. На некој начин, ова е подобро.

17. Помалку ќе се извинувате

Без караници, нема потреба од извинувања. Без разлика кои сте, факт е дека луѓето стануваат глупави кога се пијани, а во овој случај насилството е речиси неизбежно.

18. Нема да ви бидат интересни пијаните разговори

Алкохолот на прв поглед предизвикува многу интересни разговори. Сега ќе почнете да сфаќате дека тие разговори баш и немаат некоја смисла и ќе ви бидат здодевни.

19. Ќе бидете свесни за себе

Ќе бидете посвесни, посмирени и подобро ќе се разбирате без алкохол.

20. Ќе ви се подобри меморијата

Повеќе ќе нема ноќи кога не паметите што се случило. Помалку ќе заборавате, а тоа е добро.

21. Нема да се чувствувате лошо

Наместо секој ден да ве болат главата и стомакот, ќе се чувствувате многу поздраво.

22. Ќе имате нормален распоред за спиење

Алкохолот ве тера да заспиете подоцна, или премногу рано. Нема средина. Кога ќе престанете да пиете вашето спиење ќе се врати во нормала.

Погледнете ги и последиците од само една ноќ претерано пиење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар