Одиме ретро?

Одиме ретро?

Според едно истражување, сè повеќе млади жени одлучуваат при стапувањето во брак да го земат презимето на сопругот. Повеќе од 65% од испитаничките го промениле своето презиме со стапувањето во светата заедница – брак. Дали овој, би рекла ретро потег, нè враќа назад во 19 век, кога Луси Стон се изборила за многу права на жените во Америка, меѓу кои правото на глас, и охрабрувањето жените да го задржат своето презиме при стапувањето во брак?

Моето прашање е, нели менувањето на презимето е менување на идентитетот? Зошто жените во денешно време би го зеле презимето на сопругот, наместо да го задржат моминското? Ако одбивањето да се промени презимето е непочитување кон семејството на сопругот, тогаш каде е почитта кон семејството на жената? Колку менувањето на презимето може да се поврзе со половата еднаквост и местоположбата на жената во општеството?Одиме ретро?Можеби ќе речете дека сме речиси рамноправни, со оглед на тоа каква била состојбата на жената во минатото, а каква е денес. Но да не забораваме дека и денес постојат жени кои се принудени да им се потчинуваат на мажите во семејството, и се третирани како нивни робови, на буквален или посуптилен начин. Би се изненадиле дека татковците кои во денешно време земаат пари за да ја дадат ќерката, и не се толку далеку од вас.

Кога едно кралско семејство донесе одлука дека првото дете на Вилијам и Кејт, без разлика на полот, ќе биде престолонаследник, како нашето општество е толку опседнато со раѓање машки деца и „продолжување на семејната лоза“? Па ти можеш да имаш 5 машки деца, и само едно женско кое ќе постигне толку во животот што ќе го прослави семејното име дупло повеќе од сите мажи заедно.

Не е дека сакам да бидам феминистички настроена мрчаторка, ама мислам дека ниедна од нас не е принудена да се покорува на заостанати адети од праисториско време, и да си ги згазне сопствените принципи само за да не ги налути свекорот и свекрвата. Зборувам за современите, независни и образовани жени, кои сепак одлучуваат да си го променат личниот идентитет.

Во нашава земја, жената има неколку опции: да го задржи своето моминско презиме, да го земе презимето од сопругот, на своето да го додаде презимето на сопругот, или по презимето на сопругот да следува нејзиното презиме. И секако, има опција и двајцата да си земат сосема трето презиме кое нема врска ни со едната ни со другата страна. Драги мои дами, тоа ни се опциите, само прашањето е колку (не)менувањето на презимето ни значи нам и колку внимание ќе му посветиме. И во светот, а и кај нас, едно време задржувањето на моминското презиме зеде голем замав, но изненадувачки е фактот што денес во големи размери се враќа она старото – земањето на презимето на сопругот.

Дали менувањето на презимето е голем чекор назад за модерната жена, или може да се гледа од друга перспектива? Што ако со присвојувањето на презимето на сопругот, модерните жени на некаков начин го истакнуваат тој совршен баланс – дека денешната жена може да биде успешна кариеристка, а воедно верна сопруга и грижлива мајка.

Се надевам дека ве заинтригирав доволно за подолу да оставите ваше мислење на темата. Колку и зошто е значајно менувањето на моминското презиме денес? Дали и зошто би се одлучиле на таков чекор?

Па во денешно време, во ерата на дигитализацијата не е лесно. Ај што го менуваш презимето во сите правни документи, ќе треба да си го промениш корисничкото име и на социјалните мрежи… Епа не ни е лесно.

До следното читање,

Вашата Ели.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Зааз Reply

    Да не зборувам за оние „еманципирани“ жени што го земаат презимето на мажот во машки род. Па ај жената ќе го задржи своето и што? Утре и децата ли ќе имаат различни презимиња? Едно на мама, едно на тато? Смешки!

  2. lol... Reply

    Не само во однос на презимето туку и во однос на имињата на децата… Некои мажи инсистираат децата да бидат крстени по нивните мајка, татко, баба, дедо… Како жената да нема свои мајка, татко… А поголемо е прашањето зошто воопшто да бидат крстени по некого од фамилијата?.. Демек е некаква почит тоа?.. Јас мислам дека се само застерени обичаи со кои што се покажувало кој е кој во семејствотот, кој е главен… И навистина зачудува фактот дека во денешно време истото се случува… Има луѓе што од пети се борат да наметнат имиња на своите внуци само за да не речат другите дека не успеале да покажат кој е главен…. Ова го зборам од искуство, а познавам безброј исти случаеви… Стварно сме смешни и жални… Се додека му се поклонуваме на традиционализмот и на некои лажни и извртени вредности нема да можеме да го ослободиме духот и да промениме нешто во ова конформистичко и летаргично општество во кое живееме!!!

  3. Бекам Reply

    а да не зборам за макотрпната процедура во нашата држава за враќање на моминското презиме по макотрпниот развод!!

  4. Jelena Reply

    Британија отсекогаш имала примогентура која не била условена од родот на наследникот, види само колку кралици имаат. Така што, Вилијам продолжува само едма стара традиција. Инаку, сосем се сложувам дека жената треба да си го задржи презимето, ништо страшно да има различно презиме од децата или тие двете да ги носат. А зимање на презимето од мажот во машки род ми е најглупавото нешто.

Напиши одговор на Бекам Откажи одговор