Најважниот љубовен состанок што ќе ви помогне да процените дали сте еден за друг

Најважниот љубовен состанок што ќе ви помогне да процените дали сте еден за друг

Обично кога почнувате да се гледате со некого, првите љубовни состаноци подразбираат кафе или пијачка во вечерните часови. Потоа следува нешто како интервју за да се запознаете, особено ако сте се сретнале на Интернет и никогаш не сте разговарале во живо. Додека ја правите вашата листа на плусови и минуси ќе забележите дека сѐ уште не знаете ништо за оваа личност.

Најважниот љубовен состанок што ќе ви помогне да процените дали сте еден за друг

Сосема сте во право бидејќи иако сте излегле на повеќе љубовни состаноци, не сте излегле на најважниот. Низата од пијачки и кафиња навечер ќе ве остават само со еден куп први впечатоци. Овие вечерни состанувања кријат многу работи, вклучувајќи ја и најважната: Какви се тој или таа преку ден?

Ви недостасува реалната слика за човекот. Не можете да запознаете некоја личност додека не ја видите на дневна светлина. Препорачливо е да вклучите некоја активност во природа, како пешачење, планинарење, некој спорт и слично. Сигурно се прашувате дали му се допаѓате на вашиот потенцијален партнер, а и него го мачи истото прашање бидејќи сѐ уште не ве видел преку ден.

Дневниот љубовен состанок има многу предности. На мажите нема да им биде одвлечено вниманието од тоа како ќе заврши вечерта, бидејќи ако се видите преку ден помали се шансите дека ќе се обиде да ве однесе во кревет. Па така, тој ќе се фокусира на тоа да ја запознае девојката подобро. Освен тоа, доколку пешачите заедно, ќе добиете чувство дека навистина сте заедно и ќе видите дали можете да се замислите со оваа личност во врска.

Пред да продолжите со вашите вечерни состаноци, излезете надвор преку ден и видете со што навистина си имате работа. Можеби ќе забележите дека личноста е поопуштена и полесно ќе ви оди разговорот, па ќе можете да се запознаете подобро. Не ја потценувајте важноста на дневните љубовни состаноци, бидејќи само тие можат да ви ја откријат вистинската природа на човекот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар