26 начини да почнете повторно да живеете кога се чувствувате скршено - Part 2

Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

14. Хранете се сосема здраво барем 1 месец

Балансираната исхрана е неопходна за добро физичко и ментално здравје. Направете си месечна диета и принудувајте се да консумирате доволно овошје, зеленчук, протеини и вода на дневна база.

15. Запишете се на курс или приклучете се во работилница

Најдобриот начин да го одвлечете вашиот ум од негативните мисли е со учење нови работи. Без разлика дали отсекогаш сте сакале да почнете да се занимавате со дизајн, танцување, пишување или свирење на некој инструмент, знајте дека тоа многу ќе ви помогне во закрепнувачкиот процес. Во најмала рака, можете да започнете со гледање на некои онлајн туторијали.

16. Дефинирајте го вашиот буџет

Доколку однапред дефинирате со колку финансии располагате, кои ви се редовните трошоци и колку можете да заштедите на месечно ниво, ќе се почувствувате дека имате поголема контрола врз вашиот живот и ќе се чувствувате посигурно.

Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

17. Побарајте валидација од вашите најблиски

Прашајте ги вашите најмили како мислат дека се справувате со животните предизвици. Честопати, аспектот на гледиште од трето лице може да ви помогне да погледнете пообјективно на работите.

18. Базирајте го вашиот успех на промените, а не на резултатот

Правете бебешки чекори. Не очекувајте од себеси да станете светци. Едноставно, правете што било коешто ќе прави да се чувствувате оптимистично и за почеток тоа ќе биде сосема доволно.

19. Учете втор јазик (или трет, четврт итн.)

Секој јазик и секоја култура го опишуваат светот на различен начин. Учењето нов јазик не само што ќе ги прошири вашите ментални хоризонти, туку и ќе развие делови од вашиот мозок и ќе го одржува во одлична форма. Мобилната апликација Duolingo и аудио курсевите Pimsleur, се одлични за таа намена.

20. Стекнете нова, позитивна навика

Најголемата одговорност и доблест на една личност е да се грижи и да им помага на своите најблиски. Започнете со мали трансформации во вашето однесување, бидете од помош, имајте разбирање, бидете дарежливи и гледајте го позитивниот домино ефект којшто ќе ви се врати назад.

21. Чувствувајте се посреќно отколку што мислите дека треба

На нашата самодоверба секогаш и е потребна надградба. Читајте книги за моќта на позитивната мисла, водете дневник за позитивните промени во вашиот живот, бидете благодарни за малите нешта и запомнете дека заслужувате ништо помалку од целиот свет.

Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

22. Поставете си граници и заштитете се

Потпрете се на вашиот основен животински инстинкт и интуиција. Сосема е во ред да се социјализирате и да имате милион пријатели, но никогаш и никому не му се предавајте 100%, бидејќи честопати вашите слабости и ранливост ќе бидат злоупотребени.

23. Елиминирајте некоја лоша навика, барем во рок од 3 месеци

Без разлика дали сакате да се откажете од пушење цигари, пиење алкохол или да престанете да бидете злобни со другите луѓе, доколку си зацртате дека нема да го правите тоа во наредните три месеци, ќе забележите како животот ќе ви се трансформира во подобра насока. Започнете со само една лоша навика и елиминирајте ја.

24. Направете нешто што ве плаши

Соочете се со некој страв што го имате и надминете го! Се плашите од скокање со банџи? Застрашувачка ви е помислата да летате со параглајдер или да се искачувате по високи карпи? Што и да е тоа што ве предизвикува, но никогаш не сте го направиле од страв, време е да се соочите и да го победите. Секако, не заборавајте на безбедноста и првин обезбедете ја потребната опрема.

25. Бидете горди на себеси и своите достигнувања

Овој свет не е лесно место за живеење и секогаш ќе има некој или нешто што ќе ви создава проблеми во животот. Затоа, најважно е да си бидете најдобар пријател на самите себе. Едноставно, прифатете ја вистината дека вие сте неверојатна личност!

Мислите дека сите бродови ви потонале? 26 начини да почнете повторно вистински да живеете

26. Научете да простувате

Не го правете тоа за некој друг или заради општествените норми. Простете им на другите поради самите вас. Гневот не е багаж којшто заслужувате да го носите со себе.

Прочитајте ги и овие 30 работи кои треба да престанете да си ги правете себеси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар