Кралскиот пијалак

Кралскиот пијалак

Автор: Christine
(поднесено преку „Предложи содржина“)

Венчавката на принцот Вилијам и Кетрин Мидлтон беше еден од најизвонредните настани на 21-от век. Откако малку легна прашината околу самата венчавка, може и ние да си наздравиме на кралски начин. Интересно е што е создаден посебен пијалак, наречен „Кралската венчавка“ (The Royal Wedding), кој секако ја има кралската боја – виолетовата. Еве како да си го подготвите.Кралскиот пијалак

Состојки:

  • 45 мл бренди
  • 20 мл бренди од праска
  • 20 мл бренди од цреши
  • 90 мл сок од портокал
  • газирана вода

Како да го направите: Измешајте ги сите состојки во коктел мешалка и истурете ги во необично обликувана висока чаша. Додадете кршен мраз и уживајте!

Бонус совети:

  • За некоја „пофенси“ декорација, додадете сламки во бела, сина или црвена боја.
  • Ставете ја чашата врз подметнувач кој би имал облик на круна.
  • Ставете британски знаменца.
  • Додадете парчиња лимон по желба или само употребете ја сопствената фантазија.

Сакате и вашиот текст да биде објавен на Кафе пауза? Пишете ни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Inne Reply

    Yum yum 😀

Напиши одговор на Inne Откажи одговор