Како да ја осветлите косата со лимон?

Како да ја осветлите косата со лимон?

Сакате да имате природна сјајна коса, но не сакате да ја оштетувате со хемиски процеси? Лесно е. Лимонот може да ви помогне да постигнете посветла нијанса, па дури и да си направите природни прамени.

Како да ја осветлите косата со лимон?

За нормална коса: Искомбинирајте 1 дел свежо цеден лимонов сок со ¼ дел топла вода. Ставете го миксот во шише со прскалка.

Како да ја осветлите косата со лимон?

За сува коса: искомбинирајте 1 дел лимонов сок со ¼ дел кондиционер за коса.

Како да ја осветлите косата со лимон?

Набавете крема за сончање бидејќи осветлувачкиот ефект ќе го „работите“ на сонце, па претходно треба добро да ја заштитите кожата од штетните зраци.

Испрскајте од миксот по целата површина на косата и исчешлајте ја неколку пати со благи движења. Доколку сакате да направите прамени, натопете топче памук во мешавината и поминувајте низ прамените кои сакате да ги осветлите од горе до долу. Внимавајте кои прамени ќе ги осветлувате, бидејќи процесот ќе треба да го повторувате неколку пати.

Како да ја осветлите косата со лимон?Како да ја осветлите косата со лимон?

Доколку ја користите мешавината со кондиционер, аплицирајте од неа на прамените со помош на четка за печива, но треба да знаете дека со овој микс ќе ви биде потешко да ги осветлите прамените, отколку со оној од вода и лимон.

Сместете се на сонце, најдете удобна положба и седете така 60-90 минути.

Како да ја осветлите косата со лимон?

Потоа повторно нанесете од мешавината и седете на сонце уште 30 минути. На крајот измијте ја косата и притоа нанесете поголемо количество кондиционер или маска за коса.

Како да ја осветлите косата со лимон?

Бидете трпеливи за ефектот. Не очекувајте дека веднаш можете да постигнете драстична промена како со фарбите. За нијансирањето со лимонов сок е потребно време.

Еве какви промени можете да очекувате за период од 3 до 4 недели:

  • Темно кафеава – светло кафеава
  • Светло кафеава – златно руса
  • Темно руса – светло руса
  • Темно црвена – темно руса
  • Светло црвена – светло кафеава или руса
  • Црна – нема да има ефект

Неколку бонус совети

  • Повторувајте ја постапката повеќе пати доколку немате време да седите на сонце толку долго првиот пат.
  • Не користете лимонов сок купен во шише.
  • За да забележите поголеми промени треба да бидете трпеливи и да го повторите процесот неколку пати.
  • Немојте да претерувате со употреба. Лимонот ја оштетува косата, а може да имате и негативни последици за вашата кожа.

Други методи на осветлување кои можете да ги пробате

За златна нијанса на вашата коса побарајте т.н. неутрална к’на, која се прави од растението Cassia obovata, поинаку позната како мајчин лист.

Како да ја осветлите косата со лимон?

За осветлување на светло кафеавите и русите коси можете да користите чај од камилица и да го нанесувате на истиот начин како мешавината од лимонов сок.

Како да ја осветлите косата со лимон?

Можете да користите хидроген пероксид за да ја осветлите косата. Ова не е многу природен начин, но може да биде ефикасен. Воедно, подеднакво ја оштетува косата како и лимонот.

Извадете светли прамени со помош на цимет. Оваа состојка ќе ви помогне во осветлување на темната коса, а секако, има и многу пријатен мирис.

Како да ја осветлите косата со лимон?

Пробајте го медот, но овој пат на косата. Ова е уште еден природен осветлувач, но за разлика од лимонот и хидроген пероксидот, не ја оштетува косата.

Како да ја осветлите косата со лимон?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Име Reply

    Jas ovaa neutralna k’na ja baram veke mnogu dolg period i nikade ne mozam da ja najdam. Dali mozebi znaete kade vo skopje moze da se nabavi ???

  2. Eli Reply

    Може ли да ми кажете дали под „дел“ се подразбира dl (деци литар) или станува збор за нешто друго?

    • Кафе пауза Reply

      Не се децилитри. На пример еден филџан лимон со 1/4 филџан топла вода.

  3. Елена Reply

    А како да се нанесе медот, зошто не пишува упатство за нанесување??

  4. Shady Reply

    од Медот нема да имате ногу видливи резултати, најдобро ви е или со лимон или со хидроген пероксид.

  5. Михаела Јовановска Reply

    и од циметот нема видливи резултати, освен косата што мириса после тоа многу убаво – на цимет – една недела после ставањето на смесата (најдобро се чувствува после миење на косата). Јас имам пробано така да ја осветлам косата, и дури ми седеше смесата на косата на крајот приметив како да ми е малце посветла… но откако ја измив смесата од косата, бојата како да си се врати на старо.. незнам, можеби требаше неколку дена по ред да ја повторувам постапката. Иначе косата мислам дека не ја оштетува, а ова со лимовов има една другарка од мајками пробувано уште многу одамна, сварно ја осветлува косата, но и ја оштетува, а и многу време треба дури се видат резултати…

    • Demonic Reply

      Упатство за смесата со цимет, ако може? 🙂

Напиши одговор на Eli Откажи одговор