Најчести грешки при употреба на пегла за коса

Најчести грешки при употреба на пегла за коса

Иако повеќето девојки се свесни дека пеглањето на косата е штетно за влакното, во денешно време тоа е станато вообичаена секојдневна практика. Можеби се обидувате што помалку да ја оштетувате вашата коса при користењето на пеглата, но тоа не значи дека внимавате на сè. Ова се 6 најчести грешки кои жените ги прават при користење на пеглата за коса.

Најчести грешки при користењето на пегла за коса

Влажна коса

Иако постојат посебни пегли за коса за исправување на влажна коса, експертите со сигурност нема да ви го препорачаат ова. Уште полошо е кога користите обична пегла додека косата ви е сè уште влажна. Затоа, пред да се фатите за пеглата, убаво исушете ја косата и почекајте уште 10 минути, па потоа почнете со исправување.

Заштитно средство

Пред користење на пегла, косата треба да ја заштитите со некој препарат кој ја штити косата од висока топлина. Без тоа, вашата коса многу брзо ќе се оштети и ќе го изгуби природниот сјај.

Јачина на пеглата

На повеќето пегли постојат опции за прилагодување на топлината. Избегнувајте пеглата да ја пуштате до максимум, бидејќи на тој начин ќе го ослабете влакното, а како резултат ќе ви испукаат врвовите и ќе ја оштетите косата.

Предолго пеглање

Никако не смеете истиот прамен да го пеглате неколку пати со силна топлина. Обидете се пред пеглањето максимално да ја исправите косата при фенирањето, за потоа полесно да ја испеглате и да не се задржувате долго на еден прамен. Што повеќе пеглате на исто место, толку повеќе ја оштетувате косата.

Предебели прамени

Доколку праменот кој сте го фатиле за пеглање е преголем, топлината нема рамномерно да се распореди и нема убаво да го испеглате праменот. На тој начин ќе морате долго време да се задржите на еден прамен, што во никој случај не е препорачливо.

Широка пегла за коса

Пеглите со прешироки плочки тешко доаѓаат до самиот корен на влакното. Најпрепорачливо е да користете пегла со керамички плочки со ширина од 2,5 сантиметри.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар