Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

Фустан кој може да се носи на 50 различни начини

Фустанот кој може да се трансформира во различни форми со едноставно поседување на траката, постана вистински хит помеѓу жените. Американската дизајнерка Надја Тар, верува дека нејзиниот фустан „Butter by Nadia“, е решение за кризата во сечиј женски плакар.

Овој фустан, кој може да се купи во различни должини и бои се трансформира на 50 начини, со едноставно подесување на траката. Таа може да се врзе околу половината или вратот, да се намести како тоалета со тенки прерамки или со кратки ракави.

Ова модно парче, на официјалната страница на дизајнерката се продава по цена од околу 360 евра. За оние на кои тоа им е премногу, фустанот можат да го изнајмат по цена од 70 евра за два дена или 81 евро за седум дена.

Фустанот е изработен од вештачка свила и спандекс, растеглив синтетички материјал. Благодарение на растегливиот дизајн, фустанот е достапен само во една големина, а може да го облечат жени кои ги носат сите различни конфекциски броеви.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. k;'/k Reply

    pogrd fustan ne sum videl

Напиши одговор на k;'/k Откажи одговор