Француско универзално тесто без јајца: Рецепт за најмеките леб и печива

Француско универзално тесто без јајца: Рецепт за најмеките леб и печива

Лесен рецепт што секогаш успева – и во солена и во блага верзија

Потребни состојки:
  • 950 милилитри вода
  • 6 лажици шеќер
  • 4 лажици инстант квасец
  • 230 милилитри растително масло
  • 2 лажици сол
  • 1.200 грама брашно
Начин на подготовка:

Во голем сад, измешајте ги водата, шеќерот и квасецот и оставете ги да отстојат 2-3 минути. Потоа додајте ги маслото, солта и брашното и замесете го тестото. Прво ставете 1 килограм од брашното, а останатото додавајте го полека сè додека не добиете влажно, но нелепливо тесто. Оставете да отстои 10-тина минути, па премесете го со раце. Повторете ја постапката уште 4-5 пати.

Ќе добиете универзално тесто со коешто можете да се забавувате на секој можен начин. На пример, поделете го на 3 дела и испечете 3 багети или додајте парчиња чоколадо, па направете чоколаден леб. Од друга страна пак, и кифличките ќе бидат превкусни, без разлика дали се полнети или празни. Сè што ќе замислите – сè може да се направи од ова тесто!

Печете околу 20-30 минути на 200 степени, или адаптирајте ги времето и температурата според дебелината на тестото. Уживајте!

Дознајте и што ќе се случи со вашето тело доколку секој ден појадувате овесна каша?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар