Што ќе се случи со вашето тело доколку секој ден појадувате овесна каша?

Овесната каша се прави од овесни снегулки кои доаѓаат во секаква форма. Можете да се одлучите за големи или ситни снегулки, во зависност од текстурата што ја сакате или времето што ви е достапно за подготовка.

Што ќе се случи со вашето тело доколку секој ден појадувате овесна каша?

Овесната каша е полна со хранливи влакна, за кои веќе знаете дека имаат одлично влијание врз вашето тело. Па, погледнете што ќе се случува со вашето тело доколку секојдневно појадувате овесна каша.

1. Ќе бидете „поредовни“

Овесните снегулки, без разлика на нивниот облик, се полни со хранливи влакна. Хранливите влакна тешко се дигестираат без помош на течностите во вашето тело. Па, тие ја впиваат водата и другите течности од стомакот и полесно излегуваат од вас. На овој начин, поредовно ќе ги празните цревата и нема да се чувствувате подуено.

2. Ќе бидете сити

Како што сунѓерот впива вода и се зголемува, истото го прави и овесната каша. Откако ќе ја консумирате, таа почнува да се шири и да го исполнува просторот во вашиот желудник, оставајќи помалку место за друга храна. На овој начин помала е веројатноста да консумирате повеќе калории од потребното.

3. Можете да ослабите

Кога ќе се земе предвид дека нема да јадете помеѓу оброци поради овесот, нема да додавате вишок килограми, а можно е дури и да ослабите. Постои и диета наречена „Бенџамин Френклин“, каде што луѓето го заменуваат појадокот со овесна каша и пешачат 30 минути дневно. Со оваа диета, неделно се губи речиси половина килограм масти, без да менувате ништо во исхраната.

4. Се намалува ризикот од болести на срцето

Овесната каша го намалува нивото на „лошиот“ холестерол. Таа е богата со антиоксиданси кои го намалуваат крвниот притисок и го подобруваат дотокот на крв. Едноставно кажано, со овесната каша ќе го намалите ризикот од секакви болести на срцето.

5. Ќе внесете многу хранливи материи

Овесната каша е полна со витамини, минерали и антиоксиданси, а само една порција содржи:

  • Манган: 191% од дневната препорачана доза
  • Фосфор: 41% од дневната препорачана доза
  • Магнезиум: 34% од дневната препорачана доза
  • Бакар: 24% од дневната препорачана доза
  • Железо: 20% од дневната препорачана доза
  • Цинк: 20% од дневната препорачана доза
  • Фолна киселина: 11% од дневната препорачана доза
  • Витамин Б1: 39% од дневната препорачана доза
  • Витамин Б5: 10% од дневната препорачана доза
  • Траги од калциум, калиум, витамин Б6 и витамин Б3
  • 51 грам јаглехидрати
  • 13 грама протеини
  • 5 грама масти
  • 8 грама влакна
  • 303 калории

Пробајте ги и овие здрави и вкусни идеи за овесна каша.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар