Дизајни на нокти што ќе бидат во тренд во 2021 година

Со почетокот на новата 2021 година, едно е сигурно, а тоа е дека сакате да знаете што ќе биде во тренд. Ова се однесува не само на изборот на гардероба, туку и на фризурата, шминката и маникирот. Можеби веќе сте слушнале дека монохроматските варијанти го преземаат водството и дека боб фризурите се апсолутен хит, како и омбре ефектот на усните, но дали знаете што носи 2021 година во однос на стилизирањето на ноктите?

Месо боја

Дизајни на нокти што ќе бидат во тренд во 2021 година

Поради пандемијата на коронавирусот и честото миење раце, ноктите без лак се нешто на што се придржуваат повеќето луѓе. За да ѝ додадете малку стил на целата ситуација, нанесете месо боја на ноктите која изгледа многу освежувачки. Изберете светлорозови тонови, бледа беж или крем варијанта и дајте им фантастичен изглед на вашите нокти оваа зима.

Кратки впечатливи нокти

Дизајни на нокти што ќе бидат во тренд во 2021 година

Кратките нокти се многу практични. Ако на сето тоа додадете некои храбри нијанси, како што се црвената, црната, сивата или сината, ќе имате совршен изглед за почетокот на новата година. Силните бои ги истакнуваат вашите нокти ако се кратки, што ви овозможува да создадете интересни комбинации на облека.

Монохроматски омбре маникир

Дизајни на нокти што ќе бидат во тренд во 2021 година

Комбинацијата на два фантастични стилови доведе до појава на нагласување на убавината на нијансите на една боја. Пронајдете ја омилената боја и искористете ги нејзините нијанси на вашите нокти. Почнете од најсветлата до најтемната или обратно за да создадете фантастичен монохроматски омбре ефект.

Погледнете кои бои на лак за нокти ќе бидат во тренд оваа зима.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар