Интервју со @persona.mk: Што е Гешталт терапија и кои се нејзините придобивки?

Интервју со @persona.mk: Што е Гешталт терапија и кои се нејзините придобивки?

Гешталт терапијата е холистичка форма која е насочена кон сегашниот живот и предизвиците на поединецот, наместо да истражува во минатите искуства. Повеќе за тоа ќе ни раскаже Кирил од Персона – здружение за психолошко советување.

1. Дали можете да ни раскажете кој стои зад здружението Персона? Од каде дојде идејата да започнете со ова здружение?

Позади профилот на Персона стои Кирил Мишев. Млад лиценциран психолог, трета година едукант во Гешталт терапија и наскоро м-р по клиничка психологија, со големо практично искуство во земјава и надвор од неа. Зборот едукант значи долготрајна едукација, вид психотерапија која работи со целата личност, низ која и јас самиот сѐ уште поминувам. Покрај теоретската надоградба, подразбира години работа на себе, а потоа следува работа со клиенти под супервизија и затоа станува збор за многу одговорна професија. Поради тоа, сите прашања подолу поврзани со оваа терапија се одговорени од моја перспектива како едукант во Гешталт терапија. Моето мото е дека „само со работа на себе може да имаме посвесен и поразвиен живот, сега и овде“.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

Едно од најубавите чувства е да се види како се создава нешто твое, нешто што го правиш со љубов, мотивација и инспирација. Нешто што е сон долги години и кога конечно ќе соберете храброст да се соочите со сите предизвици се случува чудо. Чудо што минува низ секоја клетка, нерв, вена на вашето тело и е исполнето со задоволство. Чувство што не може да се опише со зборови, туку со дела. Персона е создадена со цел да биде безбедно место каде што секој може да гради доверба, да работи на себе и на својот личен раст, на своите чувства и емоции без дискриминација и осуда.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

2. Кој е вашиот примарен фокус?

Како што и во повеќе наврати имам спомнато и сѐ уште стојам зад ова, мојот примарен фокус е развојната психологија. Oваа конкретна гранка се фокусира на размислувањето и однесувањето на децата од пренаталниот развој до адолесценцијата. Развојната психологија се занимава со тоа како децата растат физички, но и со нивниот ментален, емоционален, когнитивен и социјален развој. Исто така, се занимава и со советувањето со родители, индивидуално советување со луѓе кои имаат потреба од тоа и разни проекти кои се поврзани со менталното здравије.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

3. Што значи зборот Гешталт?

Зборот Гешталт потекнува од германската филозофија „Gestaltqualität“ што значи форма или целина и ја истражува идејата за перцепцијата. Се фокусира на различните аспекти на една личност и на тоа како тие се комбинираат во една целина, што влијае на односот помеѓу личноста и околината.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

4. Кои се придобивките од Гешталт терапијата? Кога треба да се користи Гешталт терапија?

Придобивките од Гешталт терапијата се да се дојде до самосвест и самоприфаќање, да се препознаат емоциите и чувствата, да се биде сега и овде, подобри комуникациски вештини, задоволување на потребите на здрав начин итн. Гешталт терапијата според мене треба да се користи во секојдневниот живот за подобра свеснот и развој на една индивидуа. Но, сепак, на професионален начин доколку забележиме анксиозност, депресија, намалена самопочит или проблеми во врската кај индивидуата, препорачливо е да се даде совет за да се обрати кај стручно лице кое има сертификација во оваа област и работи со Гешталт техниките. Гешталт техниките често се користат во комбинација со работа на телото, танц, уметност, драма и други терапии.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

5. Дали можете да ни раскажете повеќе за најпознатата Гешталт техника односно „празна столица“?

Техниката наречена празно столче е вежба во Гешталт терапијата, каде што клиентот го става лицето или фигурата наспроти празното столче. Од клиентот се бара да ги замисли фигурата или лицето што сака да работи и да ги искаже своите емоции кои ги потиснува длабоко во себе, а не може директно да ги сподели со личноста или, пак, таа личност веќе не е физички присутна. Терапевтот охрабрува дијалог помеѓу празниот стол и лицето во терапија со цел да ги вклучи мислите, емоциите и однесувањето на лицето. Понекогаш улогите се менуваат и лицето во терапија ја презема метафоричката личност или дел од лицето на столот. Техниката на празен стол може да биде особено корисна за да им помогне на луѓето да внимаваат на целата ситуација и да заборават или да расклопат делови од сопственото јас.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)

6. Дали луѓето во Македонија се доволно запознаени со Гешталт терапијата?

На ова прашање не можам да ви одговорам со сигурност, но од мој личен аспект сметам дека луѓето деновиве повеќе се запознаваат и доаѓаат во контакт со Гешталт терапијата. За разлика од пред петнаесетина години кога за прв пат започнувале првите генерации со едукација, кога уште не било познато што е Гешталт терапијата во нашата земја поради недоволните ресурси, ограничувањата во интернет-истражувањето и многу други пречки. Денешните генерации можат многу лесно да дојдат до информации и да ја истражат оваа тема, па поради оваа причина сметам барем секој трет човек го има барем еднаш во својот живот слушнато зборот Гешталт терапија.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de persona (@persona.mk)


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар