Чоколадни крофни: Стар колач во ново руво

Изненадете ги најблиските со овие вкусни чоколадни крофни кои никого нема да го остават рамнодушен

Чоколадни крофни: Стар колач во ново руво

Потребни состојки:
  • 250 грама брашно
  • 40 грама путер
  • 1 кафена лажичка какао
  • 1 кафена лажичка цимет
  • малку сол
  • 2 жолчки
  • 30 грама шеќер
  • половина коцка квасец
  • 125 милилитри млеко
  • Масло за пржење
  • 200 грама чоколадо за готвење
  • 80 грама исечкани ореви
Начин на подготовка:

Сматете ги брашното, путерот, какаото, циметот, солта, жолчките и шеќерот во една чинија. Иситнете го квасецот, а потоа растворете го во малку млеко и додадете го во тестото. Измесете го тестото и оставете го да надојди. Тестото ставете го на работна површина која претходно ќе ја набрашните и развлечете го на дебелина од 1 сантиметар. Со калап извадете 20 кругови со пречник од 7 сантиметри. На нив направете дупки со пречник од 2,5 сантиметри и оставете ги подготвените кругови да постојат уште 25 минути.

Загрејте го маслото во длабока тава и пржете ги крофните од двете страни, додека не поруменат. Исцедете ги на кујнска крпа. Искршете го чоколадото, а потоа растопете го на пареа и прелијте ги крофните. Украсете ги со ореви, кокос или парени трошки. Потребното време за подготовка изнесува околу 45 минути.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар