4 хороскопски знаци врз кои ретроградниот Уран ќе има најголемо влијание

4 хороскопски знаци врз кои ретроградниот Уран ќе има најголемо влијание

Уран го започна своето ретроградно движење на 20 август 2021 година, а неговото влијание ќе го чувствуваме до јануари. Прочитајте за кои 4 хороскопски знаци ќе биде најопасен.

4 хороскопски знаци врз кои ретроградниот Уран ќе има најголемо влијание

Бик

Оваа бавна планета моментално е во знакот на Бик, така што финансиите ќе ви бидат најзагрозени, но и љубовта и чувството на сигурност. Биковите ќе се соочат со најмногу предизвици, па астролозите советуваат внимателно да ги изберете своите битки. Не треба да се расправате непотребно, без оглед на тоа дали станува збор за колегите на работа или за членовите на семејството. Оставете ги настрана политичките ставови, филозофските мисли и големите теми, фокусирајте се на она што навистина ги обликува вашата работа и вашиот живот.

Скорпија

Скорпиите треба да посветат најмногу внимание на комуникацијата, бидејќи може да бидат обвинети за големи манипулации поради премолчување на некои работи. Не е време за криење, ризикувате раскинување, па затоа бидете колку што е можно поотворени. Ако сметате дека сè уште не можете да бидете директни со вашиот партнер, можеби е време да ја прекинете вашата врска.

Лав

Лавот влегува во критичен период кога се во прашање финансиите. Ретроградниот Уран ќе го забави движењето на парите, па можни се проблеми поради парите што ви ги должат. Исплатите ќе доцнат, а хонорарите ќе бидат пониски од договореното. Намалете ги трошоците колку што е можно поскоро и ако навистина не сте доволно платени, подгответе се да барате подобра работа.

Водолија

Не преземајте туѓ товар на вашите раменици, научете ги другите да го почитуваат вашето време и да бидат свесни за тоа колку сте оптоварени.

Единствениот начин да ги задржите сите полиња во животот помалку разнишани во овој период е да бидете одлучни ако промените се неизбежни. Исто како повлекување фластер од речиси заздравена рана, потребен е остар потег – ќе боли, но на долг рок ќе се покаже колку бил позитивен.

Прочитајте кои хороскопски знаци ги очекува прекрасна љубовна приказна до 10 септември.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар