Божиќен пакет

Божиќен пакет

Божиќ е посебен ден, исполнет со среќа, хармоничност и мир, а најважно од сè, претставува раѓање на новата надеж. Православниот Божиќ ни е на прагот, но сè уште има време за да се подготвите за совршена божиќна прослава. За таа цел, послужете се со нашиот божиќен пакет кој се состои од божиќни песни, идеи за божиќни пораки и подароци и обичаи за Божиќ.

Божиќен пакет

Божиќни песни

Ова се песните кои задолжително треба да се најдат во вашата божиќна плејлиста:

1. Mariah Carey – All I want for Christmas is you
2. Elvis Presley – Blue Christmas
3. Frank Sinatra – Let it snow
4. Kenny Rogers and Dolly Parton – A Christmas to remember
5. Enya – Adeste Fideles
6. Bon Jovi – Bells will be ringing
7. Celine Dion – So this is Christmas
8. Chris Tomlin – Angels we have heard on high
9. Alabama – The Christmas shoes
10. Wham – Last Christmas
11. Coldplay – Christmas lights
12. Frank Sinatra – The first Noel
13. Amy Grant – Breath of heaven
14. Band Aid – Do they know it’s Christmas
15. Jose Feliciano – Feliz Navidad
16. Train – Shake up Christmas
17. Bing Crosby – Silent night
18. Mia Rose – What would Christmas be like?
19. ‘N Sync – Mery Christmas, happy holidays
20. Brenda Lee – Rocking around the Christmas tree
21. Dean Martin – Let it snow

Еве ја и целата листа подготвена за преслушување. Треба само да притиснете плеј.

Божиќни пораки

Не заборавајте да им го честитате овој свет празник на вашите блиски. Еве неколку идеи за божиќни честитки или пораки:

„Како што бадниковиот оган се ложи,
во вашиот дом среќа да се множи,
нека светла ѕвезда во животот вас ве води,
зашто денес е Божиќ – Христос се роди!“

„Денешниот блажен ден нека ви биде радосен!
Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати.
Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји, Христос се роди.“

„Додека бадниковиот ден догорува,
слушни го Бога што ти зборува,
следи го патот на срцето што до среќа те води.
Среќен Божиќ – Христос се роди!“

„Во телото здравје, во душата мир,
во мислите спокој, во срцето младост.
Честит Божиќ, ти испраќам полна вреќа радост!“

„Божјата милост насекаде нека ве прати,
нека за доброто со добро ви се врати
Христос насекаде да ве води,
Среќен Божиќ, Христос се роди.“

„Бадниковата вечер нека го избрише сето она што сакаш да го заборавиш,
а Божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и Божји благослов!

„Рана зора додека се руди, коледарска песна ве буди,
среќа и радост Бог нека дари, полна софра, а и многу пари.
Сите да ве служи здравје, бадниковата вечер да ви е на здравје!
Бериќет и к`смет в куќи да ви царува, со здравје и љубов Господ да ве дарува!“

Божиќни подароци

Продолжуваме со одбирање божиќен подарок. Запомнете, тој мора да е подарен со љубов и внимание, а не секогаш треба да потрошите многу пари за да го одберете совршениот.

Божиќен пакет

За вашиот близок пријател од посилниот пол или пак за вашиот партнер купете приврзок за клучеви, масажер, дивиди со неговиот омилен филм, футрола за мобилен телефон, рачен часовник или убав машки шал.

За вашата блиска другарка, одберете голема шолјичка за кафе или чај со интересен натпис или пак слика. Уште подобро би било ако успеете да најдете чаша за вино со изгравиран натпис.

За вашата пријателка или колешка од работа, одличен подарок би била и кутија со чоколатца, термос за кафе, цеде со фитнес-вежби, омилената книга или книга од омилениот автор, плишано меченце за чистење екран од мобилен или компијутер, а доколку е нежна и женствена, нема шанси да не ѝ се допаднат интересни бушави топлинки за низ дома.

Доколку личноста ви е блиска и драга, подарете ѝ кутија со кочачиња, спа-колекција со миризливи свеќи и купка за капење или најново издание од омиленото месечно списание, а во тој случај, не би било лошо да ставите црвена панделка на насловната страна.

Божиќен пакет

За вашиот неженет чичко, вујко или постар братучед, одберете интересна новогодишна честитка со Баба Мразица или пак комплет од омилениот алкохолен пијалак со брендирана чаша од истиот.

Одличен подарок за вашиот татко или дедо е шише добро вино, сет отворачи за вино или пак малечка сталажа или држач за вино.

Вашата мајка, тетка или стрина најверојатно намногу би се израдувале на убав сервис за кафе, голем магнет за на фрижидер со некаков натпис или форма, марама, божиќен венец или вазна за цвеќиња.

За вашиот шеф одберете убав сет пенкала, ѕиден часовник или паричник.

За вашата сестра или братучетка одберете убав комплет шал и капче во нејзината омилена боја, можеби омиленото домашно милениче кое долго време го посакува, термофор (предмет направен од гума кој се полни со топла вода и служи за топлење) со некаков божиќен мотив како снешко или Дедо Мраз или пак приврзок за ланче или мобилен телефон со нејзиното име.

За вашиот помал брат или братучед, купете ламба за во детска соба со интересни бои или облици, некаква друштвена игра како „Монопол“ или „Не лути се човече“, гумена играчка за во када или плишана перница во облик на животно како тигар, мече или слатко кученце.

Совршен подарок за вашиот брат или сестра, е зголемена и врамена верзија од вашата заедничка слика со Дедо Мраз што сте ја направиле кога сте биле малечки. Со сигурност ќе донесе насмевки и убави спомени.

Божиќен пакет

Прославувањето на Божиќ во Македонија

Божиќ во Македонија се прославува според Јулијанскиот календар по кој се раководи Православната црква. На 6 јануари се прославува Бадник (зборот доаѓа од страро-македонски збор со значење „да бидеш буден“), а суштината на празникот е да се одбележи радоста пред Христовото раѓање. На овој датум навршуваат Божиќните пости кои траат 6 недели. На различни места постојат различни обичаи за Бадник по кои луѓето се раководат. Многу од нив црквата ги смета за пагански обичаи, но и покрај тоа сè уште се применуваат.

Божиќен пакет

Во македонските православни цркви има целодневна бадникова служба и црковно пеење. Рано наутро на Бадник, деца (коледарчиња) одат по куќите со песни и добиваат подароци, како: пари, ореви, костени, овошје и слично. Една од најпеаните бадникови песни е „Коледе леде“, објавена во запис во 1893 година.

Празникот се обележува со традиционална, посна и свечена вечера во кругот на семејството. Обичај е по вечерата да не се крева софрата, туку храната да остане поставена на маса цела вечер. Во многу семејства на Бадник се меси лепче (кравајче) или погача, во која се става паричка. За време на вечерата кравајчето се крши на онолку делови колку што има членови во потесното семејство. За оној кој ќе ја најде паричката, се смета дека ќе биде најсреќниот во претстојната година.

Вечерта на Бадник спроти Божиќ се палат коледарски огнови, се гори бадниковото дрво, а најчесто за таа цел се употребува пенушка од даб. Тоа е обичајот наречен „коледица“, а околу запалениот оган се пее и најчесто се останува буден цела ноќ за да се пречека Христовото раѓање.

На Божиќ се оди во црква. Оние кои ги почитувале божиќните пости се причестуваат со пеено вино и нафора, кои ги симболизираат Исусовата крв и тело. Ова е ден за веселба, за игри и песни, ден кога задолжително заборавате на обврските и им посветувате време на најблиските.

За крај, не заборавајте на старата поговорка: „Пред Божиќ, зад Божиќ, кај и да си дома да си!“ Овој Божиќ прославете го во вашиот топол дом, со најмилите, најсаканите. И најважно е да запамтите дека во овој ладен период, најбезбедно и најудобно е во сопствениот дом.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Баш Ви фала за постов, особено за плејлистата. Мене ми е роденден на Божиќ и ова ми е баш и божиќен и роденденски подарок од Вас. 😉

Напиши одговор на Ивана Откажи одговор