Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Сексапилните манекенки кои работат за компанијата „Victoria’s secret“ имаат обврска непрекинато да го одржуваат својот изглед беспрекорно добар. Бидејќи ни тие немаат време секојдневно да ги посетуваат салоните за разубавување, прочитајте како ја одржуваат својата убавина, во рамките на нивниот дом.

Миранда Кер

Атрактивната бринета се колне во неверојатната моќ на маслиновото масло, па затоа таа редовно го нанесува на врвовите од косата и го остава да се впие во текот на ноќта. Оваа постапка ја спречува појавата на испукани врвови, а воедно маслото ја одржува косата здрава и сјајна.

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Мариса Милер

Занесната русокоса е позната по своите бујни кадрици, а нив таа ги одржува со многу евтин третман. Секои 10 дена, на косата нанесува регенератор во обилни количини, ги расчешлува врвовите, ја завиткува косата во пунџа и ја измива дури по 24 часа.

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Каролина Куркова

Каролина тврди дека за беспрекорниот изглед на нејзиното лице е потребен само еден лимон. Сокот од ова цитрусно овошје таа го нанесува директно на лицето, за да ја врати бојата и сјајот на кожата. Лимонот содржи витамин Ц, кој честопати се користи во различните помади и серуми. Лимонската киселина е прилично силна, па доколку не ви годи на лицето, посоветувајте се со дерматолог.

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret

Алесандра Амброзио

Презгодната бразилска манекенка вели дека секојдневното консумирање кокосово млеко, ѝ помага на нејзината нежна кожа да изгледа свежо, блескаво и еластично. Се верува дека кокосовата течност со своите состојки, го продолжува младешкиот изглед и прави чуда за кожата, па затоа освен Алесандра, ова млеко го пијат и многу други славни ѕвезди.

Бјути трикови од моделите на Victoria’s Secret


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Читател Reply

    Си има соодветен збор- превод на македонски јазик за “Бјути“. Ова не го очекував од вас 🙁

    • James Reply

      Добра статија, секогаш ќе има некои хејтери (да, хејтери, подобро звучи на англиски), што ќе се фатат за ситници и ќе исхејтаат.
      Барем кафепауза е една од подобрите веб страни, има милион мк сајтови кои се крш, ти за Бјути си се фатил.
      Плус, браво за новиот responsive design на страната! LIKE!

  2. hmm Reply

    kade moze da najdam kokosovo mleko da ne znae nekoj ? barav nasekade i ne najdov

  3. emily Reply

    ima vo delot na organski proizvodi vo Vero marketite i vo gtc na treti kat vo Bioskup..

Напиши одговор на hmm Откажи одговор