ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)

ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)

ТВ серија базирана според вистинска приказна за животот во Америка на една фамилија од Кина

ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)Главни улоги: Констанс Ву, Рандал Парк, Хадсон Јанг, Форест Вилер, Јан Чен

Жанр: комедија

Креатор: Наначка Кан

Премиера: 4 февруари 2015

Број на сезони: 1

Времетраење: 22 минути

Јазик: англиски

Наша оценка: 8

Ваша оценка: 1 ѕвезда2 ѕвезди3 ѕвезди4 ѕвезди5 ѕвезди6 ѕвезди7 ѕвезди8 ѕвезди9 ѕвезди10 ѕвезди (7 гласа, просек: 8,43 од 10)
Loading...

Приказната ни ја раскажува Еди (Хадсон Јанг) кој нè води во 1995 година, кога неговото семејство се преселило од Вашингтон во Орландо, Флорида. Неговиот татко, Луис (Рандал Парк), пред многу години го довел своето семејство во Америка бидејќи имал сон да отвори каубојски ресторан. Овој сон конечно му станал реалност, па токму затоа сега тие се преселуваат во Орландо. Но, изгледа дека не сите се расположени за оваа голема промена.

(2) ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat) (3) ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)

Луис безрезервно го обожава „американскиот сон“ и прави сè што е во негова моќ за да го живее. Тој дошол тука за подобар живот и планира тоа да го постигне. Од друга страна, колку што Луис го сака американскиот сон, толку неговата жена, Џесика (Констанс Ву), го мрази. Токму тука настануваат несогласувањата кои во овој жанр понекогаш знаат да нè насмеат и до солзи. Нивните деца пак, прават сè што е во нивна моќ да го најдат своето место во училиштето со цел да си го олеснат процесот на прилагодување. Но, не секогаш работите се движат во онаа насока како што тие би сакале…

(5) ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat) (6) ТВ серија: Штотуку доселени (Fresh off the Boat)

Оваа ТВ серија е лесна за гледање и бидејќи трае само 20-тина минути, времето покрај неа ќе ви лета. Таа е навистина забавна и смешна, па токму поради тоа може да ви биде одличен избор доколку сакате да се релаксирате по тежок ден на работа. Семејството Хуанг има одлична динамика која прави тие да се издвојуваат од останатите фамилии на малите екрани и токму затоа вреди да им се даде шанса.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар