Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

Не постои човек во светот кој не е љубител на добра храна и кој не сака да ужива во гурмански задоволства, иако е свесен дека може да биде штетно за него. Најчесто, храната која има највисока енергетска вредност, особено слатката, солената и масната, има и најдобар вкус. Ова било особено практично за нашите далечни предци, кога им било важно храната што ја јадат да им дава доволно енергија за сите активности.

Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

Разликата меѓу нас и нашите далечни предци е во тоа што тие живееле многу поактивен живот од нашиот. Ние денеска поминуваме многу време во работа, особено нефизичка, а потоа немаме доволно време за физичка активност. Сепак, љубовта кон вкусната храна останала да се негува. Затоа, науката се обидува да даде одговор на прашањето дали е можно да го промениме личниот вкус, за да можеме да преминеме на поздрав начин на исхрана?

Постојат шест основни описи на вкусот: слатко, солено (потекнува од солта), кисело, солено-зачински (потекнува од комбинација на солени состојки и зачини), масно и горчливо. Според некои студии, постои и вкус на скроб, односно оној на бели печива и скробни овошја и зеленчуци. Перцепцијата за вкусовите е индивидуална и нешто што им е вкусно на едни, може да биде одбивно за други. Додека за едни, на пример, кафето со една лажичка шеќер е преблаго, за други тоа може да биде премногу горчливо. Во ова лежат разликите на чувствителноста на вкусовите, но и во разбирање на она што ја сочинува диетата.

Поради личната перцепција на вкусовите, се случува нешто да ни се допаѓа, а нешто да не можеме ниту да го помирисаме. Омилениот вкус диктира и каква ќе ни биде исхраната и на што таа ќе се заснова. Па така, оние кои ги сакаат благиот и солениот, а во некои случаи и скробниот вкус, ќе избираат такви продукти за исхрана. Понекогаш, задоволството што го овозможува омилената храна, може да придонесе да се прејадеме пред воопшто да забележиме дека тоа се случило веќе пред неколку залаци.

Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

Манипулирање со чувствителноста на вкусовите

Нашата линија може многу да претрпи токму поради омилените вкусови на храната. Слатката храна е преполна со јаглехидрати и лесно е да се внесе количина поголема од потребната, што резултира со перничиња околу стомакот и колковите.

Добра вест е што може да се манипулира со омилените вкусови, но тоа не смее да се случува нагло. Кога започнуваме некој режим на исхрана, се придржуваме до одредени правила благодарение на кои ќе постигнеме некаков сакан резултат. Ако луѓето се доволно строги кон себе и се придржуваат на зададените правила, со тек на времето се менува перцепцијата на вкусовите. Како пример може да се земе и честото тврдење на љубителите на кафе, дека откако ќе се навикнат на квалитетно црно кафе без шеќер, веќе никогаш не можат да се вратат на она со најразлични додатоци како млеко, шлаг или прелив.

Ако сакате да се храните подобро, треба да го промените омилениот вкус

Кога одредениот начин на исхрана се применува подолг период, на пример неколку недели, личноста може да очекува дека индивидуалната чувствителност на вкусовите веќе е сменета и дека полесно ќе се воспостават поздравите навики. Ако од исхраната се исклучат слатките, по одреден период ќе биде доволна само мала количина за да се почувствува задоволство од тој вкус, наместо претходните навики да се изедат и по неколку чоколатца, па и тоа да не е доволно.

Затоа, може да се заклучи дека со помош на самоконтрола, лесно може да се смени перцепцијата за вкусовите и да се насочи во своја корист. Со тек на време ќе станува сè полесно да се живее без омилениот вкус од минатото, а тоа ќе резултира со поздрави навики и секако, полесно одржување на линијата.

Пробајте го и ова пенливо кафе со соја за љубители на здравата исхрана.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар