Ако додадете една од овие 5 состојки во пирето од компири, ќе добиете вкусен специјалитет

Ако додадете една од овие 5 состојки во пирето од компири, ќе добиете вкусен специјалитет

Пирето од компири е најчест додаток на месото, се подготвува едноставно и брзо и речиси не постои некој што може да му одолее. Но, ако класичното пире веќе ви е здодевно, тогаш збогатете го со неколку состојки и претворете го во мало кулинарско ремек-дело. Пирето од компири зготвено на еден од следните пет начини збогатено со богата, разнобојна салата може да биде и главно јадење.

Ако додадете една од овие 5 состојки во пирето од компири, ќе добиете вкусен специјалитет

1. Карамелизиран кромид и сланина

Подгответе го кромидот така што ќе го исечкате на кругови, а потоа додајте путер и оставете го да се пржи околу 30 до 40 минути на многу ниска температура. Потоа исечкајте ја сланината на парчиња и испржете ја во малку масло или путер. Додајте ги двете состојки во пирето и ќе добиете фантастичен спој на сладок и солен вкус.

2. Павлака, кромид и праз

Пред да ги изгмечите компирите, додајте малку путер и млеко, една чаша павлака, сол и пипер. Измешајте, а потоа додајте грст ситно сечкан праз и малку запржен кромид. Резултатот ќе биде сочно пире со многу специфична и необична арома.

3. Песто сос и пармезан

Љубителите на тестенини знаат колку може песто сосот да биде ефективен и да го збогати вкусот на некои специјалитети, па зошто да не го пробате и со пире од компири? Прелијте го пирето со песто сос, а врз него изрендајте малку пармезан.

4. Чили и сирење

Ако сакате лута и зачинета храна, оваа комбинација особено ќе ве израдува. Додека пирето е сè уште топло, изрендајте гауда или тврдо сирење по желба и додајте две сечкани чили пиперки. Добро промешајте и очекувајте „злобен“ вкус.

5. Јаболка

Можеби мислите дека оваа комбинација е невозможна, но всушност кисело-слаткиот вкус на јаболката совршено се вклопува со кремастиот, солен компир. Излупете ги јаболката, исечкајте ги на парчиња и пржете ги во путер додека да добијат златна боја. Испржените парчиња јаболка ставете ги на дното на чинијата и врз нив сервирајте го топлото пире од компири.

Прочитајте го и овој едноставен трик за да не ви поцрнат компирите.

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар