7 работи што може да предизвикаат темни дамки

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Кога станува збор за проблемите со кожата, еден од најчестите проблеми се темните дамки. Постојат многу работи што може да ги предизвикаат, од изложување на сонце до генетика. Бидејќи не можете да ги менувате гените, постојат неколку работи на кои треба да обрнете внимание за соодветна грижа за себе. Понекогаш се фокусирате на лекување на темните дамки, но заборавате да обрнете внимание на тоа што ги предизвикува. Во продолжение прочитајте зошто имате темни дамки и како да ги избегнете.

1. Внатрешна светлина

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Малкумина го знаат ова, но изложеноста на светлина во вашиот дом може да доведе до појава на темни дамки. Тоа е така затоа што видливата светлина или флуоресцентната светлина може да влијаат на хиперпигментацијата на кожата. Овој вид светло е присутен во компјутерите, во телевизорите, па дури и во паметните телефони.

За да ја спречите појавата на темни дамки, нанесувајте крем за сончање секојдневно кога ја започнувате рутината за нега на кожата.

2. Притискање на акните

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Гледањето вознемирувачко мозолче на вашата кожа предизвикува речиси неодолива желба да започнете со притискање. Иако желбата е неодолива, многу е важно да не го сторите тоа. Причината за ова се должи на воспалението, што може да предизвика кожата да произведува меланин, а тоа резултира со темни дамки, па дури и лузни.

За да го спречите тоа, консултирајте се со дерматолог за да ја откриете причината за појавата на акни и како најдобро да ги лекувате.

3. Прескокнување на кремот за сончање

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Сите знаат дека треба да носат крем за сончање кога одат на плажа, а некои знаат дека кремот за сончање треба да се користи секој ден, дури и во затворен простор. Но, проблемот е во тоа што малкумина знаат дека кремот за сончање треба да се нанесува на секои 2 часа.

Имајќи предвид дека повеќето темни дамки се предизвикани од оштетување од зраците на сонцето, секогаш нанесувајте крем за сончање, почнувајќи од утрото.

4. Не ги отстранувате козметичките производи што ги нанесувате ноќе

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Ако одите на преглед кај дерматолог и се пожалите на темни дамки, веројатно е дека тој ќе ви предложи употреба на производи за ноќен третман. Некои производи, особено киселите, имаат потенцијал да ги исчистат дамките, но исто така ја иритираат кожата, предизвикувајќи темни дамки.

Ако киселината ја иритира вашата кожа, не заборавајте да ја отстраните со миење на лицето наутро, а потоа да нанесете крем за сончање.

5. Комбинација на лимон и сонце

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Постојат многу природни домашни лекови кои вклучуваат лимон за чистење на темните дамки на кожата. Но, она што луѓето го забораваат е дека сокот од лимон, кога е во комбинација со сончевите зраци, всушност може да предизвика темни дамки или да ги влоши постоечките. Ова се нарекува фитофотодерматитис и е предизвикан од супстанции како што се фуранокумарини и псоралени, односно кога тие ќе дојдат во контакт со сончевата светлина.

За да не се случи ова, секогаш темелно мијте го сокот од лимон од кожата.

6. Користење премногу хидрохинон или ретиноична киселина

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Постојат некои производи за убавина кои содржат хидрохинон и ретиноична киселина и се наменети за третман на темни дамки. Проблемот е во тоа што ако ги користите премногу долго и во високи концентрации, може да ја влошат состојбата на вашата кожа наместо да ги исчистат дамките.

Секогаш консултирајте се со дерматолог за да разберете како правилно да ги користите овие производи.

7. Бременост

7 работи што може да предизвикаат темни дамки

Хормоналните промени во текот на бременоста може да предизвикаат нешто што се нарекува „хлоазма“ или „маска на бременоста“. За среќа, овие темни дамки исчезнуваат откако ќе заврши бременоста.

За да не се влоши ова, секогаш нанесувајте крем за сончање.

Прочитајте колку долго треба да чекате за ефектот на козметичките препарати.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар