Фантастичен игло хотел кој го одзема здивот

Доколку некогаш сте се прашувале како е да спиете во игло, тогаш хотелот Какслаутанен е дефинитивно вистинското место да го пронајдете одговорот. Станува збор за игло хотел кој се наоѓа во близина на Националниот парк Уро Кеконен во северна Финска, а кој нуди едни од најневеројатните погледи кои ќе имате прилика да ги видите во животот.

(5)-fantastichen-iglo-hotel-koj-go-odzema-zdivot-kafepauza.mk

Собите од игло се изградени од термално стакло, па во периодот од август до април можете да уживате во фантастичниот поглед кон северните светла од топлиот амбиент на иглото. Преку ден, освен во снежната убавина пред вашите очи, може да уживате во низа активности, меѓу кои рибарење и крос-кантри скијање или, пак, вкусувајќи ги уникатните специјалитети во некој од рестораните.

(11)-fantastichen-iglo-hotel-koj-go-odzema-zdivot-kafepauza.mk

Погледнете ги прекрасните фотографии и уживајте!



САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар