6 разлики помеѓу првото и второто вљубување

6 разлики помеѓу првото и второто вљубување

Првото вљубување е прекрасно, но и застрашувачко во исто време. Без разлика дали со радост се сеќавате на првата љубов или чувствувате жалење, веројатно сте научиле неколку лекции од тоа искуство. Справувањето со скршено срце е навистина тешко и може да ви биде страв повторно да се вљубите. За среќа, второто вљубување е многу поздраво и бидејќи имате искуство ќе знаете што и како да правите.

6 разлики помеѓу првото и второто вљубување

Постојат многу начини на кои второто вљубување ќе ви изгледа поразлично од првото. Најчесто вториот пат е подобар. Па, погледнете кои се разликите што ги чувствуваат речиси сите.

1. Не се вљубувате веднаш, туку постепено

Најчесто првото вљубување е брзо и силно, како љубов на прв поглед. Тоа може да биде поради возраста, опкружувањето, животната состојба или неискуството. Вториот пат ќе ви биде потребно подолго време за да се развијат вашите чувства. Веќе не сте толку наивни и познати ви се емоциите што доаѓаат со љубовта. Настроени сте позаштитнички кон себе и не сакате да ги повторувате грешките во минатото.

Иако второто вљубување е малку поразлично, ова не значи дека сте помалку вљубени. Всушност, ако си дадете доволно време можно е да се чувствувате многу подобро и посигурно вториот пат.

2. Посигурни сте за она што го сакате и она што ви е потребно

„Се имам вљубено два пати. Лично не сметам дека едното било повозбудливо од другото. И двете искуства беа возбудливи на различен начин. Првиот пат имав 18 години и целиот концепт ми беше нов. Вториот пат имав 24 години. Бев сингл некое време и не бев сигурна дали повторно ќе се вљубам па навистина се изненадив кога се случи тоа. За мене најголемата разлика беше тоа што вториот пат бев посигурна во себе. До тој период имав 6-годишно искуство со врски и подобро знаев што навистина чувствувам.“ – Хана, 25

3. Постари сте и помудри

„Бев вљубена во симпатијата од средно и во моето прво момче. Првиот пат, во средно, стануваше збор за детска љубов. Не ми изгледаше реално додека не се вљубив во момчето. Чувствата беа слични, како на пример, не сакав да заспијам бидејќи мислев на него, или поцрвенував секогаш кога ме гледаше. И тој се чувствуваше исто, но никогаш не си признаваме, па не бевме заедно. Тоа е најголемата разлика. Со првото момче чувствата беа исти, но тој ми пријде. Оттогаш научив да ги искажувам моите чувства. И со двете момчиња бев млада, но сега сум позрела и посигурна.“ – Пајпер, 23

4. Знаете дека постои реална можност за скршено срце

Првиот пат вљубувањето е само оптимизам. Чувствувате сè што сте научиле од романтичните комедии. И второто вљубување е убаво, но може да изгледа навистина пострашно бидејќи знаете дека постои ризик врската да заврши. Вљубувањето во некој нов може и да изгледа пореално. Овој пат сте поранливи. Знаете како е да бидете повредени, но сепак се согласувате да ги поднесете последиците поради саканата личност.

5. Се обидувате да се однесувате поздраво

„Мислам дека на почеток и првото и второто вљубување се слични, но имате друг пристап. Првиот пат кога се вљубив имав 15 години. Ги оправдав сите стереотипи за млада љубов – бев опседната со девојката и мислев дека ќе бидеме заедно засекогаш. Искрено беше навистина тешко кога раскинавме. Но со текот на времето ја преболев. Вториот пат почнувате од друго место бидејќи знаете дека голема е веројатноста таа љубов да не трае засекогаш, но истовремено знаете дека и во тој случај ќе бидете во ред. За мене речиси сите емоции беа исти и во двете врски. Уште постои опсесијата, но сега имате друг пристап и малку повеќе самодоверба.“ – Бријана, 25

6. Навистина сте среќни, а не само возбудени

Жените кои биле вљубени претходно, во новите врски знаат што сакаат. Ова им овозможува да го добијат тоа што им е потребно бидејќи ги споделуваат нивните потреби со партнерот. Романтичните комедии ги слават нештата како љубов на прв поглед и интензивна хемија. Но овие нешта нема да ја водат вашата врска напред. Често и сосема нормално е да бидете збунети за тоа што треба да чувствувате кога ќе запознаете потенцијална љубов. Најважното нешто е како ве третира партнерот, дали се чувствувате почитувано, дали делите исти вредности и дали сакате иста врска. Овие нешта ќе ја направат врската среќна.

Дали знаете што се случува со вашето тело кога сте вљубени.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар