Најдобрите кариери за претерано чувствителните момци и девојки

Најдобрите кариери за претерано чувствителните момци и девојки

Според една студија објавена во журналот Мозок и однесување, 20% од популацијата се смета за претерано чувствителна. Па, ако и вие спаѓате во оваа категорија, тогаш природно ви доаѓа да бидете посензитивни и чувствувате многу поголемо влијание од околината околу вас. Да се биде ваква личност понекогаш може да биде навистина тешко, особено ако сте на работно место што не ви одговара на карактерот. Имајќи го ова на ум, ги издвоивме следниве кариери каде што чувствителните момци и девојки не само што ќе уживаат, туку и ќе имаат можност многу да напредуваат.

Креативност

Што е најдобриот квалитет на претерано чувствителните луѓе? Креативноста! Едноставно поврзете се со своите артистички таленти, без разлика дали станува збор за пишување, графички дизајн, глумење или пеење и наполнете си ја душата со позитивна енергија додека брзо се искачувате кон врвот.

Здравство

Претерано чувствителните луѓе се многу интуитивни и емпатични, што значи и дека можат да изградат одлична комуникација со пациентите. Па, ако сакате да спасувате животи, и истовремено спаѓате во оваа категорија луѓе, дефинитивно треба да се насочите кон здравството, без разлика дали ќе одберете медицина, психологија или психијатрија.

Бизнис

Постои едно широко распространето верување, а тоа е дека претерано чувствителните луѓе не можат да бидат лидери. И покрај тоа што овие луѓе дефинитивно не би газеле на други за да го достигнат врвот, тие кога-тогаш ќе стигнат до таму, и ќе соберат толку многу следбеници што успехот им е гарантиран.

Фриленс

Иако тука спаѓаат многу видови работни позиции, сепак фриленс работата е како измислена за претерано чувствителните луѓе. Слободата да го одредувате својот распоред и да работите според своите желби е нешто што секому може да донесе насмевка на лицето. Плус, со вашата способност самите да се мотивирате постојано да бидете подобри, воопшто не ви ни треба тим за да можете да ја завршите работата онака како што самиот работодавач ја замислил.

До премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благослов!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар