До премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благослов

Колку повеќе се обидувате да бидете искрени кон себе, толку поповредено се чувствувате. Се чувствувате несигурно и чувствувате вина обидувајќи се да почувствувате сè. Да бидете чувствителни не е шега.

До премногу чувствителните луѓе: Вашата способност да чувствувате длабоко е благослов

Едноставно чувствувате сè. Ја апсорбирате енергијата околу вас, без разлика дали е добра или лоша. Таа ја консумира вашата душа и ви станува уште потешко да дишете.

Го ловите секое сетило и тоа ве носи на повисоко ниво. Секој мирис, звук, допир и вкус што го чувствувате е премногу интензивен.

Човечката интеракција е тешка за луѓето како вас бидејќи сè прифаќате со целото срце.

Не сакате да гледате некого што страда, умира или плаче бидејќи и вие ќе го почувствувате тоа. Уште полошо е што сте немоќни да помогнете. Најчесто тоа е надвор од вашите можности и способности.

Понекогаш чувствувате како да губите делови од вас. Го барате вистинското место, но не постои вистинско место за вас. Единственото нешто што го имате сте вие самите и светот околу вас. Едноставно е како што звучи, но како ќе знаете кога нешто е правилно? Не можете да очекувате нешто правилно од несовршен свет, а овој факт го крши вашето срце.

Лесно е да изгубите допир со она што се случува надвор. Надворешниот свет е злобен. Ви судат, ве обележуваат и ви кажуваат што треба да бидете. Вашето срце е премногу кршливо. Навикнати сте да го игнорирате силниот импулс од вашите срца, иако знаете дека наскоро ќе излезе во форма на зборови.

Лесно е да се скрши вашето срце, потребно му е долго време за закрепнување, но добро го криете тоа. Се преправате како ништо да не се случило.

Доволно сте силни за да ги криете вашите емоции и доволно сте силни да ги покажете, да го покажете вашето вистинско јас. Нема потреба да се плашите.

Чувствителноста е супермоќ на која треба да бидете горди. Вие сте избраните кои можат да го почувствуваат секој дел од сè. Прифатете го овој прекрасен благослов.

Погледнете и како да откриете дали сте претерано чувствителна жена.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар