Трендови од 80-тите што ќе бидат хит ова лето

Трендови од 80-тите што ќе бидат хит ова лето

Можеби кога сте биле помали воопшто не ви се допаѓала модата од 80-тите. Големите фризури, боите и широките рамена не се за сечиј вкус. Но, дизајнерите одлично ги рекреираат овие трендови оваа година. Па, погледнете што ќе биде хит ова лето.

1. Широки ракави и рамена

Трендови од 80-тите што ќе бидат хит ова лето

Ако се изведат правилно, широките ракави и рамена можат да изгледаат навистина неверојатно. Создаваат прекрасна силна силуета. Обидете се да одберете потесна блуза со широки ракави за да создадете рамнотежа. Истото важи и за фустаните.

2. „Велосипедски“ кратки панталони

Трендови од 80-тите што ќе бидат хит ова лето

Можеби имате забележано дека овие панталони полека стануваат сè попопуларни. Сепак, потребно е добро да ги комбинирате. Одлично изгледаат со долго или струкирано палто така што се гледа само мал дел од нив. Исто така овие панталони можат да ги направат здолништата многу поудобни. Можете да ги комбинирате и со големо палто или капут.

3. Тул

Трендови од 80-тите што ќе бидат хит ова лето

Тулот има навистина голем потенцијал. Денес можете да најдете цели фустани изработени од него кои изгледаат навистина неверојатно. Овие фустани се тенки и провидни и покажуваат што има под нив. Можете да ги носите со долна облека со висок струк и градник со иста боја. Ако сакате секојдневен изглед, можете слободно да го комбинирате со фармерки.

Погледнете и кои модни трендови ќе владеат оваа година.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар