10-те најдобри мантри за вашите следни медитации

Што поточно е мантра? Тоа е збор или фраза којшто се повторува одново и одново за време на медитација. Меѓутоа употребувањето на мантри во текот на медитацијата подразбира многу повеќе, отколку да звучите како некоја расипана плоча. Тие најчесто се свети по природа, зборовите и звукот ве поткреваат и ви помагаат да се фокусирате во текот на медитацијата. Со други зборови, мантрите се дизајнирани за да ве променат, во позитивна смисла на зборот.

10-те најдобри мантри за вашите следни медитации

Која е улогата на мантрата?

Интересна работа во врска со користењето мантри во текот на вашата медитација, е тоа што тие му даваат задача на вашиот мозок, односно го ангажираат да прави нешто. Секако дека спиритуалните мантри се наменети да го трансформираат вашиот живот, преку нивно постојано повторување. Но, тоа што се изговара не е некое празно баботење од типот „моите чевли се зелени“ или „јас многу сакам домати“. Интересно е да се спомене дека дури и ваквите реченици ефикасно ќе го одржуваат умот зафатен во текот на медитацијата, што значи дека имаат свои придобивки. Но, да се соочиме со реалноста: тие звучат како расипана плоча и ништо повеќе од тоа.

Во продолжение, ѕирнете ги овие испробани и вистински мантри, кои ќе ви овозможат да практикувате медитација за трансформација.

АНТИЧКИ МАНТРИ

1. „Ом“

Ова е стара, но многу добра позната мантра, којашто навистина немате начин премногу да ја погрешите. „Ом“ е светиот звук на Хиндуизмот и се вели дека во превод означува: „Тоа е, ќе биде или ќе стане“.

2. „Ом мани пеме хум“

Оваа мантра доаѓа од Тибет и грубо преведено означува: „Довикување на скапоцениот камен во лотосот“. За скапоцениот камен, во случајов се мисли на Буда на Сочувството.

10-те најдобри мантри за вашите следни медитации

3. „Намо Амитаба“

Оваа мантра се кажува во име на почитта кон Буда од безграничната светлина.

4. „Јас сум тоа што сум“

Ова е една од најпознатите реченици од Хебрејската Тора, а била одговорот на Господ, кога Мојсеј го прашал како се вика.

5. „Хам-са“

Оваа Хинду варијанта, означува „јас сум ТОА“.

6. Хо’опонопоно

Оваа хавајска мантра значи „Те сакам; Жал ми е; Те молам прости ми; Ти благодарам“.

СОВРЕМЕНИ МАНТРИ

„Љубовта е единственото чудо коешто постои.“ – Ошо

„Биди промената којашто сакаш да ја видиш во светот.“ – Ганди

„Секој ден, во секоја смисла, мене ми е сè подобро и подобро.“ – Лора Силва

„Ги менувам моите мисли, го менувам мојот свет“. – Норман Винсент Пил

10-те најдобри мантри за вашите следни медитации

Сè започнало со антички Хиндуисти, но употребата на мантрите во медитација оттогаш се распространила, во најголем дел преку далечниот Исток, помеѓу Будистите, Таоистите, Сиките и други. Во денешно време, луѓето од Западот коишто сакаат да се движат по спиритуалниот пат во животот, исто така користат и создаваат мантри. Поголем дел од нив звучат како афирмации, но оние коишто се кратки и слатки, исто така имаат добар ефект во важниот трансформативен процес.

Пробајте ги и овие 10 мантри против драма, стрес и грижи

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар