6 работни места што ќе ви овозможат да заработувате онлајн

6 работни места што ќе ви овозможат да заработувате онлајн

Никогаш не било полесно да се заработува на начин што е флексибилен на вашиот животен стил. Без разлика дали сте на факултет, родител, или некој што сака да заработи нешто екстра, Интернетот ви овозможува да заработувате од удобноста на вашиот дом. Ова се работни места и фриленс можности со голем потенцијал што ви овозможуваат да почнете да работите со малку учење.

6 работни места што ќе ви овозможат да заработувате онлајн

1. Консултант или тутор

Дали има област во која сте експерт за која можете да предавате или да нудите информации? Денес консултантите се навистина барани. Бидејќи светот е поповрзан од кога било, бизнисите и луѓето се свртеа кон најмување консултанти кои ќе им даваат насоки од маркетинг и брендирање, до здравје и образование.

Како консултант можете да најдете онлајн работа на многу фриленс веб-сајтови. Можете да бидете тутор за студенти на веб-сајтови како Tutor и WyzAnt.

2. Фриленс писател

Можностите на писателите навистина се зголемија со прославувањето на Интернетот. Можете да заработувате со секоја форма на пишување, од фантазија и резиме, до блог или што било на коешто ќе помислите. Оваа категорија нуди многу без разлика на вашето искуство.

3. Менаџер на социјални мрежи

Дали редовно ги користите социјалните мрежи? Ова работно место може да биде навистина забавно бидејќи спојува неколку нешта. Вашата работа може да биде објавување на неколку објави неделно за некои ресторани, или може да помагате во рекламирање на нови продукти преку стратешки социјални објави и подарувања. Ако редовно користите Фејсбук, Твитер или Инстаграм, проверете ги веб-сајтовите како Upwork.

4. Транскрипционист

Ако барате нешто едноставно, ова е работата за вас. Како транскрипционисти вие ќе ги претворате видео и аудио текстовите во пишана форма. Бидејќи видео и аудио записите стануваат навистина популарни, оваа работа е многу барана. За вакво работно место проверете ги веб-сајтовите TranscribeMe, Rev и Tigerfish.

5. Графички дизајнер

Графичките дизајнери многу се разликуваат со вештината и талентот. Нo никогаш не било полесно да станете графички дизајнер благодарение на веб-сајтовите како Canva и Picmonkey.Овде ќе можете да создадете квалитетни слики за блог, PDF дезени, постери и слично. Одличен веб-сајт кој нуди работа за графички дизајнери е Fiverr.

6. Виртуелен асистент

Воглавно на ова работно место ќе ги завршувате обврските на сопственици на бизниси или директори кои сакаат да се фокусираат на создавање продукт, дизајнирање и други задачи во кои имаат важна улога. Па на некој начин виртуелниот асистент може да биде комбинација од горенаведените предлози. Нивната улога е помагање на сопственикот со што било, а тоа може да се менува со текот на времето. Zirtual и People Per Hour се одлични веб-сајтови што нудат работно место за виртуелни асистенти.

Дали ги знаете вистините кои им се познати само на оние кои работат од дома?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

  1. Jasmina Reply

    Bi sakala da probam da rabotam vo bilo koja oblast. TranscribeMe, Rev и Tigerfish.Canva и Picmonkey.Fiverr. Zirtual и People Per Hour

Напиши одговор на Jasmina Откажи одговор