Кокосови прамени: Разиграна фризура што ќе го одбележи почетокот на есента

Секоја бринета што барем еднаш се обидела да ја офарба својата коса руса знае дека тоа не е баш брз и едноставен процес. Дури и кога ќе успеете да ја постигнете посакуваната нијанса, по само неколку недели се појавува оригиналниот корен што е неопходно да се прекрие со нова доза боја. Но, овој нов тренд на фарбање го олеснува овој процес.

Нијансата „препечен кокос“ се очекува да биде најголемиот тренд на почетокот на есента. Таа ќе донесе совршено освежување за бринетите, што можат да ја носат оваа боја подолго и без многу труд. Всушност станува збор за модерна верзија на трендот омбре што ви дава можност да го задржите темниот корен, а со тоа и полесно да ја одржувате бојата. Но, за разлика од класичното омбре, новата техника има помек премин од кафена во руса нијанса, па боите изгледаат како да се преливаат една во друга.

Оригиналната нијанса на „препечен корен“ вклучува темен, природен корен и ледено руси врвови, но во зависност од тенот и бојата на очите, можете да одберете и потопла нијанса. Лесниот премин од една во друга боја делува поприродно од класичното омбре, иако истовремено е многу повпечатливо и целосно ќе го трансформира вашиот изглед. Би се офарбале вака?

Погледнете ги и овие 9 причини зошто уште денес треба да ја намачкате вашата коса со кокосово масло.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар