100 начини да постигнете успех во сè што правите во животот

Зарем постои човек којшто не обожава уредни, интелигентно спакувани листи? Да, долгите детални текстови се исто така одлични, но мораме да признаеме дека концизните, суштествени листи имаат особен шарм, на кој не можеме да останеме рамнодушни. Досега на Кафе пауза имаме објавено безброј статии на тема „успех“ со цел да ве поттикнеме да работите на себеси и да станете своја најдобра верзија, а денес решивме да ги обединиме во една целина и да одвоиме 100 совети коишто неминовно ќе ви донесат успех во животот. Без разлика што во нив не е објаснето како да реализирате нешто, сепак ви дава можност да ги изберете оние што ви „фаќаат око“ и да го направите она што отсекогаш сте го посакувале, според ваше темпо.

100 начини да постигнете успех во сè што правите во животот

„Ние сме она што постојано го повторуваме. Тоа значи дека извонредноста не се случува како резултат на делување, туку како резултат на навика.“ – Аристотел

1. Поставете си дневни цели за себе.
2. Преземајте ризици и ловете го успехот.
3. Окружете се со успешни луѓе.
4. Бидете фокусирани на вашите цели и ориентирајте го вашиот живот според нив.
5. Визуализирајте се и замислете се себеси како успешна личност.
6. Направете шематски план за успех.
7. Бидете спонтани и слушајте ја вашата интуиција.
8. Завршувајте ги задачите чекор по чекор и следете го нивниот природен тек.
9. Држете се настрана од работи коишто ви го одвлекуваат вниманието и сфатете дека времето е ограничен ресурс.
10. Збогувајте се од лажните верувања и идеологии.
11. Работете на вашата самодоверба.
12. Бидете отворени за нови начини на размислување.
13. Подобрете ги вашите социјални вештини.
14. Пред да кажете нешто, бидете сигурни дека знаете што зборувате и дека сте добро информирани на темата.
15. Прифатете ги неуспесите и извлекувајте лекции од нив.
16. Бидете истрајни и упорни, како незапирлива машина.
17. Бидете флексибилни и прилагодливи на вашата околина.
18. Секогаш добро грижете се за себеси.
19. Редовно вежбајте и одржувајте добро физичко здравје.
20. Едуцирајте се и никогаш не престанувајте да учите.
21. Применувајте ги нештата научени во книгите, но и од улиците.
22. Настојувајте да бидете успешни, поради вистинските причини.
23. Зборувајте ја вистината и бидете искрени.
24. Оптимизирајте ги вашите навики за спиење.
25. Верувајте во себеси и во вашите способности.

100 начини да постигнете успех во сè што правите во животот26. Создадете си рутина и следете ја. Секој ден.
27. Добро менаџирајте го вашето време.
28.Бидете трпеливи, смирени и прибрани.
29. Развијте пристап насочен кон реализирање на вашите цели (во секое поле).
30. Имајте силна желба да постигнете успех.
31. Размислувајте позитивно и стремежот за успех, нека ви биде вашата единствена цел.
32. Не барајте изговори за вашето однесување.
33. Бидете посветени на остварување на вашите соништа. Секогаш.
34. Секогаш учете нешто ново.
35. Сонувајте големи соништа.
36. Фокусирајте се на можностите кои се пред вас, а не на неуспехот.
37. Никогаш не се фокусирајте на пречките на патот.
38. Визуализирајте го процесот и крајната цел којашто треба да ја достигнете.
39. Бидете подготвени да бидете различни од останатите.
40. Бидете проактивни и храбри.
41. Формирајте успешен начин на размислување.
42. Подобрувајте ги вашите силни страни, но работете и на вашите слабости.
43. Верувајте дека судбината ќе биде на ваша страна и сторете го тоа што мислите дека треба, без разлика што не знаете дали е правилно и дали ќе биде успешно.
44. Учете, созревајте и растете од фидбекот што го добивате.
45. Направете го вашето време приоритет.
46. Бидете ментално активни секој ден.
47. Пронајдете го мирот во вашата душа.
48. Поделете ги вашите цели, во мали, остварливи делчиња.
49. Внимателно следете го и забележувајте го вашиот прогрес.
50. Имајте позитивен поглед кон животот.

100 начини да постигнете успех во сè што правите во животот 51. Комуницирајте подобро.
52. Пронајдете луѓе на коишто можете да им верувате и да се потпрете.
53. Бидете дарежливи и споделете го тоа што го имате.
54. Поставете си самите временски рамки.
55. Откријте ја целта на вашиот живот и вашите стремежи.
56. Пронајдете ја страста зад вашите цели.
57. Проучете ги успешните луѓе и копирајте ги нивните позитивни навики.
58. Прифатете ги вашите неуспеси и растете благодарение на нив.
59. Отстранете ги стравот и сомнежот од вашите мисли.
60. Пронајдете ја вашата внатрешна геометриска точка на контрола.
61. Посветете се на вашиот животен пат.
62. Преземете одговорност за вашите постапки, идеи и мисли.
63. Не одложувајте.
64. Работете повеќе од останатите.
65. Секогаш делувајте во согласност со времето во коешто живеете.
66. Немојте да бидете зависни од ништо и преземете контрола врз вашиот живот.
67. Бидете што е можно попродуктивни во сè што правите.
68. Немојте премногу да спиете. Немојте ни премалку да спиете.
69. Вежбајте некој спорт и бидете дел и од други надворешни активности.
70. Не си го трошете времето правејќи работи коишто ви се непотребни.
71. Бидете посветени на задачата којашто ја правите во моментот и вложете 100% од себеси во неа.
72. Никогаш не се откажувајте. Не запирајте!
73. Неуспесите доживувајте ги како фидбек.
74. Имајте отворена перспектива.
75. Бидете издржливи.

100 начини да постигнете успех во сè што правите во животот76. Организирајте го вашиот ум и мисли.
77. Научете да ги контролирате вашите емоции.
78. Подобрете ја вашата самодоверба, но секогаш останете скромни.
79. Држете се понастрана од тажните навики и заменете ги со добри навики.
80. Паметно користете ги ресурсите со коишто располагате.
81. Чувствувајте се удобно во вашата околина, како и со самите себе.
82. Научете што треба да сторите за да им се допаднете на другите луѓе.
83. Потпрете се на вашите инстинкти.
84. Размислувајте дека нештата можат да растат и да се развиваат.
85. Бидете флексибилни и отворени за промени.
86. Бидете отворени за да го чуете мислењето на другите луѓе, дури и на оние кои имаат крут карактер.
87. Идентификувајте ги вашите слаби страни.
88. Решете ги вашите проблеми.
89. Не живејте во негативности.
90. Бидете вистински алтруист и грижете се за другите.
91. Секогаш бидете 100% присутни во сегашниот момент.
92. Надминете ги одбивањата коишто сте ги доживеале.
93. Заборавете на вашето его и секогаш останете скромни.
94. Направете ги вашите цели јавни.
95. Пронајдете поддршка во други луѓе.
96. Замолчете го вашиот внатрешен критичар.
97. Идентификувајте ги задачите коишто се важни и завршете ги тие примарно.
98. Научете како да ги отстраните стресот и анксиозноста од вашиот живот.
99. Не плашете се да го направите првиот чекор.
100. Молете се и не го заборавајте Господ.

Може да ве интересираат и овие 5 секојдневни навики на светските милијардери.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар