5 секојдневни навики на светските милијардери

5 секојдневни навики на светските милијардери

Кога ги гледате директорите и сопствениците на најпрофитабилните компании, сигурно си мислите дека се попаметни од вас, имале добар почеток или дека имаат некоја тајна што ѝ е позната само на елитата. Вистината е дека не е толку тешко и невозможно и вие да стигнете до таква позиција. Всушност, некои од најбогатите луѓе во светот следат изненадувачки едноставни дневни рутини. Додајте ги овие нешта во вашиот дневен распоред и погледнете како ќе ви се менува животот.

1. Правилно започнете го денот

5 секојдневни навики на светските милијардери

Без разлика дали ќе одлучите да медитирате како Стив Џобс или да си направите смуди како Сара Блејкли, продуктивното утро ќе ви помогне да имате успешен ден. Познато е дека повеќето директори се будат наутро, и додека почнувањето на денот порано навистина ви дава повеќе време, времето во кое се будите не е толку важно.

Ако сте ноќна птица и не можете да функционирате пред пладне, тоа е сосема во ред. Она што е навистина важно е да имате паметна рутина со која ќе го започнете денот со одличен фокус и многу енергија.

2. Исчистете го умот

5 секојдневни навики на светските милијардери

Во текот на денот вашиот ум собира разни мисли, идеи и грижи кои ве носат во разни насоки. Ако им дозволите да се наталожат, ќе почнете да се чувствувате анксиозно, безнадежно и ќе ви се одвлекува вниманието. Барем еднаш дневно запишете ги вашите мисли на лист хартија. Штом се запишани нема да чувствувате потреба одново и одново да ги повторувате во вашата глава.

Ричард Бренсон секогаш носи тетратка со себе за да може да ги запише неговите набљудувања, идеи и случајни мисли во текот на денот. Ова не само што го ослободува од грижата дали ќе ги запомни, туку и му помага да ги вметне во поголемата слика.

3. Научете нешто ново

5 секојдневни навики на светските милијардери

Честа заедничка карактеристика на успешните луѓе е тоа што тие учат целиот нивен живот. Елон Маск се опкружува со паметни луѓе, а Бил Гејтс чита секоја вечер по еден час. Сите овие луѓе одвојуваат дел од денот за читање, истражување или поставување прашања.

Останете љубопитни и освежувајте го умот со нови информации кои ќе го разгорат вашиот интерес и ќе ви помогнат да ги проширите вашите цели. Ова не мора да биде поврзано со вашата кариера. Никогаш не знаете како едно нешто може да му помогне на друго, па секој ден проширувајте ги вашите погледи.

4. Правете нешто креативно

5 секојдневни навики на светските милијардери

Будењето на вашата креативност е можеби најважната дневна активност на листава. За да бидете успешен директор или сопственик на компанија потребно е да имате многу инспирација и креативност. Всушност, 60% од директорите изјавиле дека креативноста ќе биде најважната одлика на лидерите во наредните 5 години.

Нема потреба да пишувате поезија или да направите нова социјална мрежа. Стив Џобс, на пример, го правел наједноставното нешто – излегувал на прошетка за да ја разбуди неговата креативност. Одберете хоби што ќе го размрда вашиот мозок како сликање, фотографија, плетење, свирење инструмент, танцување, па дури и градинарство.

5. Раздвижете го телото

5 секојдневни навики на светските милијардери

Потребно е многу енергија за да бидете успешни, а тоа нема да го добиете без редовно вежбање. Марк Закерберг изјавил:

„Останувањето во форма е навистина важно. За да направите што било подобро потребна ви е енергија, а ќе имате многу повеќе енергија ако сте во форма.“

Вежбањето е важен дел од вашиот успех. И навистина, ако не можете да се натерате да направите 5 склекови, веројатно нема да можете да се справите со барањата на оваа професија. Во ред е да почнете полека, сè додека навистина почнете.

Погледнете и кои се 8-те најважни правила за успех.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар