8 неверојатни нешта кои докажуваат дека нашето тело е најелаборативниот систем во светот

Нашето тело се состои од многу сложувалки. Разни системи што нè штитат, ни овозможуваат одредени способности и ни помагаат да преживееме во опасни ситуации. Ова се најуникатните и најневеројатните изуми на природата. Обидете се да ги гледате овие обични нешта од необичен агол и ќе ви стане јасно.

1. Јазикот изведува неверојатни пируети во текот на зборувањето

Нашиот говор нема да биде толку разновиден без јазикот. Јазикот е најподвижниот и најфлексибилниот мускул во човечкото тело. Може да ја менува својата форма и е прикачен само на едниот крај.

2. Нашата кожа е навистина еластична

8 неверојатни нешта кои докажуваат дека нашето тело е најелаборативниот систем во светот

1 центиметар кожа може да се растегне 2-3 пати oд својата големина, но постојат и исклучоци. Гери Турнер од Велика Британија е личност со најеластичната кожа на светот. Неговата кожа е толку лабава што може да се растегне и до 15 центиметри. Ова се случува кај еден во 10.000 луѓе.

3. Имаме неколку видови солзи

8 неверојатни нешта кои докажуваат дека нашето тело е најелаборативниот систем во светот

Луѓето имаат 3 видови солзи кои се разликуваат по хемискиот состав и се појавуваат во различни ситуации.

  • Основните солзи се оние кои постојано се лачат и ги влажнат нашите очи.
  • Рефлексните солзи се појавуваат поради иритација.
  • Емоционалните солзи се појавуваат кога вашиот тим ќе победи или кога ќе раскинете со љубениот.

Иако на прв поглед делуваат исто, изгледот на солзите е различен под микроскоп.

4. Ирисот е збир од мали и морничави мускули

8 неверојатни нешта кои докажуваат дека нашето тело е најелаборативниот систем во светот

Ирисот изгледа како пајакова мрежа околу црна дупка под микроскоп. Всушност оваа мрежа се мускули кои не се покриени со мембрана. И овие мускули можат да се изморат, па токму поради тоа реакцијата на светлината е побавна кон крајот на работниот ден.

Продолжува на следната страница

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар