Забавни портрети од летачки кучиња

Забавни портрети од летачки кучиња

Џулија Кристе е германски фотограф чија специјализација е фотографирање домашни миленици. Еден нејзин неодамнешен проект е смешна серија фотографии во кои кучињата „летаат“.

Забавни портрети од летачки кучиња

Проектот започнал кога Џулија одлучила дека сака да ги фотографира нејзините омилени животни од нова перспектива.

„Не секое куче е родено да лета, но некои имаат многу талент и се вистински ѕвезди. Неколку кучиња толку многу се забавуваа што ги повторија скоковите. Изразите на нивните лица го покажуваат изненадувањето од првиот лет, а во повеќето случаи првиот скок ги даде најдобрите фотографии.“

Забавни портрети од летачки кучиња

За да го постигне овој ефект, Џулија користела душек на подот на којшто скокале кучињата и ги фотографирала додека биле во воздух. Таа презела и секакви мерки за безбедност за нејзините модели да не се повредат.

Забавни портрети од летачки кучиња

Резултатот е навистина интересен и ги покажува изненадените и возбудените изрази на разните видови кучиња. Погледнете…

Забавни портрети од летачки кучиња

Забавни портрети од летачки кучиња

Забавни портрети од летачки кучиња

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар