6 неодоливи нијанси на шминка што ќе бидат актуелни оваа есен

Не мора секогаш да купувате нова, модерна гардероба за да имате одличен стајлинг. Доволно е да користите нови, сезонски бои на шминка и ќе изгледате многу модерно. Овие нијанси на шминка се апсолутен хит за претстојната есенска сезона.

1. Усни во боја на вишна

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY BEAUTY BY RIHANNA (@fentybeauty) on

Усните во боја на вишна, сјајни или мат, кремасти или обични – се многу секси. Оваа боја можете да ја најдете во неколку нијанси и секоја од нив е фантастична.

2. Портокалови усни

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY BEAUTY BY RIHANNA (@fentybeauty) on

Оваа летна боја изгледа уште попровокативно и поубаво кога се носи во есен, благодарение на неодоливата нијанса на праска и на кремастата текстура.

3. Тиркизни и виолетови очи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Aleksandra Kołakowska (@alo.ska) on

Оваа нова комбинација изгледа одлично. Најважно е најголемиот дел од очниот капак да остане недопрен. Нанесете тиркизна сенка од средината на очниот капак до надворешниот агол на окото, а потоа нанесете виолетова сенка на ист начин, но под долните трепки. Не нанесувајте премногу сенка во средниот дел на очниот капак и на крајот нанесете маскара.

4. Блескави пастелни очи

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FENTY BEAUTY BY RIHANNA (@fentybeauty) on

Кога станува збор за пастелните бои, нанесете ги со четка и концентрирајте се на надворешниот агол на окото. Избегнувајте да нанесувате сенка на делот веднаш под веѓите бидејќи станува збор за блескава сенка и не треба да претерувате.

5. Очи и усни во месо боја

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Militza Yovanka (@militzayovanka) on

Оваа боја е сè уште голем хит и е одлична затоа што дополнително ги нагласува вашите црти на лицето.

6. Сини и црвени нокти

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NailCandyByJessieD (@nailcandybyjessied) on

Класичната црвена боја станува уште пожестока кога содржи металик или сјајни детали, а сината боја е во тренд почнувајќи од индиго боја до сиво-сини нијанси.

Погледнете ги овие комбинации во бела боја за првите денови од есента.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар