Солени пченкарни стапчиња: Здрава закуска за посните денови

Ако баравте лесен рецепт за посните денови, овие солени пченкарни стапчиња се одличен избор.

Солени пченкарни стапчиња: Здрава закуска за посните денови

Потребни состојки:

  • 180 г бело брашно
  • 180 г пченкарно брашно
  • 1 лажичка сол
  • 1 ќесичка прашок за пециво
  • 370 милилитри пиво
  • 2 лажици масло
  • семиња по избор
  • посен мајонез

Начин на подготовка:

  1. Измешајте ги сувите состојки.
  2. Потоа додадете го пивото и маслото и измешајте добро.
  3. Раширете го тестото со сукало и сечете на парчиња.
  4. Оставете го на работната површина околу 15 минути.
  5. Потоа, стапчињата префрлете ги во плех за печење. Добро премачкајте ги со посен мајонез и додајте семиња по избор.
  6. Оставете ги да стојат во плехот околу 5 минути.
  7. Потоа, печете ги на 180 степени додека не поруменат.
  8. Можат да бидат свежи неколку денови.

Погледнете го и овој рецепт за богата солена торта од палачинки.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, книгите на Стивен Кинг, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар