6 начини да се изборите со стресот и да ги смирите мислите

6 начини да се изборите со стресот и да ги смирите мислите

Дали некогаш сте се чувствувале толку стресно, што дури умот самиот одбивал да запре со мислење, без оглед колку и да сте пробувале да го смирите. Постојат многу стресни ситуации кои од вас ја пијат целата енергија што ја имате, а притоа не ви дозволуваат ниту да се наспиете како што треба. Исто така, постојат и механизми со помош на кои ќе успеете да се ослободите од стресот и сите оние мисли кои ви предизвикуваат анксиозност.

6 начини како да се изборите со стресот и да ги смирите мислите

Влијанието на стресот и анксиозноста врз вашето здравје може да биде погубно за вас и да дојдете во момент кога се соочувате со сериозни нарушувања на мислите, телото и духот. Поради тоа, обидете се да се справите со стресните ситуации на следниве начини:

1. Визуализирајте како сакате да се движат нештата

Сите сакаме да фантазираме, па зошто да не фантазираме за некој позитивен исход од дадена ситуација во животот? На овој начин ќе успеете сите тие деструктивни мисли да ги насочите кон нешто што е прифатливо за вас.

Можеби утрово се разбудивте со бура од мисли за некој претстоен настан. Наместо да ги пуштите слободно да постојат во вашиот мозок, замислете како од настанот излегувате победник. Ваквото размислување лесно може да се избори со анксиозноста. Вашите мисли се моќна алатка, но само кога успевате да имате контрола врз нив.

2. Концентрирајте се на еден звук

Кога ве обземаат стресни мисли, концентрирајте се на еден звук, на пример на работењето на фрижидерот, на клима-уредот или на косилката на соседите. Овие звуци може да бидат ефективни за да останете присебни во клучниот момент.

Ако ова не ви успее, пронајдете некоја компилација или плејлиста со инструментална музика и концентрирајте се на еден од инструментите. Ова не само што ќе ви го одвлече вниманието од стресните мисли, туку исто може и да го подобри целосното расположение.

3. Мислете на балансот

Овде се мисли на физичкиот баланс, односно на сè што може да ви го улови вниманието. Кога умот почнува да ве поплавува со секакви мисли, потребно е веднаш да направите нешто за да го промените фокусот.

Играјте си со топче, стојте на една нога, измијте ги садовите рачно, танцувајте… Сè што бара ваше внимание може да ви помогне да ги елиминирате анксиозните мисли.

6 начини како да се изборите со стресот и да ги смирите мислите

4. Дајте им форма и име на вашите мисли

Препознајте што ве мачи и подредувајте ги и „архивирајте“ ги вашите мисли со помош на ознаки, на пример, „од помош“ или „штетно“. Потребно е да препознаете што се крие зад тие мисли, за да можете полесно да ги сортирате и чекор по чекор да се ослободувате од нив.

5. Фокусирајте се на дишењето

Еден од најефикасните начини да ги доведете во ред вашите мисли е да воспоставите правилен ритам на дишењето. Кога сте под стрес, во првата можна прилика сместете се во тивко место, затворете ги очите и вратете го ритамот на дишењето. Почувствувајте како на вашиот ум му олеснува.

Ова е едноставна и најосновна медитација за смирување на умот. Дури и ако не успеете да се задржите долго во оваа релаксирана состојба, подоцна обидете се пак. Концентрирајте се на дишењето секогаш кога ги имате нападите на анксиозност.

6. Планирајте го следниот чекор

Животот е серија од чекори и околности. Пробајте да мислите на блиската иднина, наместо на она што е многу далеку од вас. Планирајте го следниот чекор и одлучете што треба да направите следно. Дали ќе пешачите или ќе се возите со автобус? Што ќе јадете за ужина? Дали ќе излезете по работа?

Вежбајте позитивни мисли и планови, на овој начин ќе станете и подобри во планирање на сопствените време и активности за два дена, па за една недела. Најважно е да правите едноставни чекори кои ќе ја зајакнат вашата навика за изборување со негативните мисли, со тоа што ќе испланирате нешто добро за себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар