2 едноставни вежби што ќе ви помогнат да се откажете од цигарите

Вежбите за дишење докажано помагаат во правилниот развој на органите за дишење, а корисни се и за чистење на организмот од штетните токсини од пушењето. Двете вежби во продолжение се навистина едноставни. Одберете ја онаа што ви одговара најмногу и правете ја секое утро и во текот на денот кога ќе почувствувате потреба за цигара.

2 едноставни вежби што ќе ви помогнат да се откажете од цигарите

Прва вежба

Кога ќе почувствувате потреба за цигара, излезете на свеж воздух.

  • Исправете се и опуштете се.
  • Вдишете длабоко, задржете го воздухот 3 до 5 секунди.
  • Бавно издишете.
  • По издишувањето почекајте 3 до 5 секунди и вдишете повторно.
  • Повторете 10 пати.

По завршувањето на вежбата можете да почувствувате мала вртоглавица поради заситеност на мозокот со кислород. Резултатот е намалена желба за пушење која ќе трае подолго време.

Втора вежба

Правете ја оваа вежба секогаш кога ќе почувствувате желба за пушење.

  • Бавно вдишете го воздухот, а издишете побрзо.
  • Почнете ја вежбата бавно и постепено забрзувајте го темпото.
  • Во еден циклус направете 30 вдишувања и издишувања.
  • По секој циклус направете одмор од 1 минута.
  • За најдобри резултати, направете 5 до 6 циклуси.

Со текот на времето ќе забележите дека не размислувате толку често за цигари.

Кога ги правите овие едноставни вежби, вашите бели дробови го добиваат потребното количество кислород. Нивната недоволна вентилација го намалува бројот на респираторни движења во минута. Покрај тоа, абдоминалните органи добиваат нежна масажа благодарение на ритмичките движења на дијафрагмата.

Ако овие вежби не се за вас, погледнете како да се откажете од пушењето со медитација.

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар