Како да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?

Медитацијата е многу ефикасна стратегија во борбата против откажување од зависноста од цигари. Свесната медитација е древна практика, којашто доби голема популарност во последниве години. Тоа се должи на сè поголемиот број истражувања, коишто покажуваат како медитацијата игра клучна улога во подобрување на физичкото и психичкото здравје. Уште поинтересно, е тоа што некои од овие истражувања имаат докажано дека оние коишто ја користат медитацијата како метод за откажување од пушење цигари, значително ги зголемуваат своите шанси целосно и успешно да се ослободат од оваа лоша навика.

Како да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?

Медитацијата е нешто што секој може да го практикува, без разлика на личните убедувања или религија. Сè што ви е потребно е тивко место и 10-тина минути посветеност на дневно ниво.

Во продолжение прочитајте ги трите начини, како медитацијата може да ви помогне во борбата против откажување од оваа лоша зависност:

1. Медитацијата го намалува стресот, којшто најчесто ја поттикнува потребата од пушење

Многумина пушат цигари за да се чувствуваат подобро, во моментите кога се чувствуваат под стрес или се анксиозни. Тие знаат дека пушењето е лошо за здравјето, но истовремено уживаат во тој момент на релаксација кога ќе повлечат неколку дима. Сепак, реалноста е дека пушењето цигари само моментално помага во менаџирање на стресот, додека пак медитацијата може да ви помогне целосно да се справите и да го надминете стресот, учејќи ве како да го препознаете и прифатете сето она што се случува околу вас. Колку помалку стрес имате во животот, толку помалку причини ќе имате да посегнете по цигара.

2. Медитацијата учи како да бидете свесни за вашата потреба од пушење

Навиката за пушење цигари, е најчесто нешто што луѓето го прават на автопилот. Тие посегнуваат по цигара бидејќи чувствуваат потреба од никотин, без да размислуваат за последиците од таквата акција. Но, доколку практикувате медитација за да се ослободите од оваа негативна навика, ќе научите како да ги препознаете и прифатите вашите емоции и промените во вашето тело, кога пушите и кога не пушите цигари.

Како да се откажете од пушењето цигари со помош на медитација?

Со одлуката, свесно да ги набљудувате позитивните и негативните промени во вашата физичка и ментална состојба, ќе започнете да ги прифаќате сите ваши емоции и ќе стартувате со позитивни промени во вашето однесување. Со помош на медитацијата, вашиот свесен и прочистен ум ќе ви овозможи да ѝ се спротивставите на потребата од палење нова цигара и да ја промените вашата реакција во стресните моменти, преку учење и прифаќање дека тоа е само лоша зависност, којашто се победува.

3. Медитацијата помага во подобрување на самоконтролата

Научно е докажано дека медитацијата предизвикува промени во мозокот, коишто ќе ви донесат значајни позитивни придобивки. Така на пример, откриено е дека оваа практика ја подобрува поврзаноста помеѓу одредени делови од мозокот, коишто се поврзани со самоконтролата. Како што и самите знаете, колку поголема самоконтрола имате, толку поголема ќе биде и вашата волја да се откажете од пушењето. Некои истражувања дури покажуваат дека, пушачите коишто редовно медитираат, почнале да ја скротуваат нивната потреба од пушење, без да го забележат тоа како позитивна придобивка од медитацијата.

Доколку сте испробале повеќе стратегии за откажување од цигари и ниедна не се покажала како успешна, дефинитивно треба да ѝ дадете шанса на медитацијата. Направете си план за откажување, определете датум кога ќе започнете со откажување и забележете како од ден на ден, се ослободувате од оваа лоша и штетна навика, засекогаш.

Прочитајте ги и овие 7 почетнички совети ако мислите дека не можете да медитирате.

САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар